Делегација од единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, предводена од претседателот Васил Стерјовски, во Корча, оствари средба со делегација на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа.
На средбата делегацијата на Македонска алијанса за европска интеграција ја запозна делегацијата на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа за положбата на Македонците во Албанија и за предизвиците со кои се соочуваат во правец на зачувување и унапредување на нивната култура и jазични права, вклучително и правата поврзани со образованието, верските права, пристапот до медиумите, учеството во јавниот живот идр.
Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа е независно тело за
следење на човековите права, специјализирано за заштита на правата на националните малцинства. Делегацијата на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа е во мониториг мисија на Албанија со цел да ја испита ситуација со правата на малцинствата во Албанија