Македонски весник “Илинден“: Господин г-дин Никола Ангеловски, ве молам претставете се на нашите читатели.
Најпрво, сакам да ви се заблагодарам лично што ме поканивте да го направам ова интервју и што ми дадовте можност за прв пат да разговарам за правната и фактичката положба на Македонците како малцински народ во Црна Гора. Јас претставувам втората генерација Македонци кои се родени, а живеат и работат во Црна Гора. По професија сум адвокат и потпретседател сум на невладиното здружение „Вардар-МКД“ Подгорица од Црна Гора.
Македонски весник “Илинден“: На нашите читатели секако ќе им биде интересно да го опишете историјатот на невладиното друштво „Вардар-МКД“- Подгорица, Црна Гора.
Нашето здружение е основано на 22 февруари 2018 година во Подгорица и постои повеќе од пет години. Главна цел во минатото на нашето здружение беше формирањето на Македонскиот национален совет во Црна Гора. Македонскиот национален совет во Црна Гора ќе го претставува највисокото институционално и претставничко тело на Македонците во Црна Гора, кое како такво ќе биде признаено од црногорските институции и финансирано од Буџетот на Црна Гора. За таа цел, нашето здружение во наредниот период ќе креира веб-страница која ќе им овозможи на Македонците во Црна Гора на едно место да ги имаат сите информации за работата, досегашните резултати и претстојните активности на нашето здружение.
Македонски весник “Илинден“: Зашто Република Црна Гора не го признава македонско национално малциство и кој се напорите ваши за признавање?
Заштитата на малцинските права во Црна Гора е институционално регулирана со Законот за малцинските права и слободи и Правилата за избор на членови на малцинските совети или на другите малцински национални заедници.
Неколку пати во изминатите пет години сме упатувале барања до државните институции на Црна Гора за измени на Правилникот за избор на припадници на малцински народ или други малцински национални заедници (,,Службен весник на Црна Гора”, бр. 58/17), бидејќи сметавме дека овие измени се неопходни поради тоа што бројот на членовите на националниот совет треба да биде пропорционален на процентот на учество на малцинска нација или друга малцинска национална заедница во однос на нејзиниот вкупен процент во вкупното население во Црна Гора според резултатите од последниот попис на населението, и дека на тој начин ќе му овозможи на македонскиот народ како малцинска нација да формира свој национален совет во Црна Гора.
Тоа е затоа што сметавме дека предложените амандмани се неопходни за целосно, суштинско и практично усогласување со член 79 став 1 точка 13 од Уставот на Црна Гора, а се со цел заштита на етничките особености на македонскиот народ во Црна Гора и во практика би се реализирала нормативна рамка за остварување и заштита на малцинските права и слободи во Црна Гора.
Покрај горе наведеното, побаравме и од државните институции на Црна Гора да изразат подготвеност во наредниот период и да ги преземат потребните активности за потпишување на сеопфатен меѓувладин договор меѓу Црна Гора и Република Македонија за заштита на црногорското малцинство во Република Македонија и македонското национално малцинство во Црна Гора, имајќи предвид дека претходниот договор меѓу Србија и Црна Гора и Република Македонија за заштита на српското и црногорското национално малцинство во Република Македонија и македонското национално малцинство во Србија и Црна Гора беше на сила од 2005 до 2014 година, чија страна на договорот беше Србија и Црна Гора, а по осамостојувањето во 2006 година, како нејзин правен наследник и Црна Гора.
Сметавме дека склучувањето и потпишувањето на Договорот значително ќе ја подобри институционалната положба на македонското малцинство во Црна Гора и на црногорското малцинство во Република Македонија.
Ваков договор меѓу две пријателски земји би помогнал во остварувањето на целите на европската агенда и би претставувал уште една потврда за подготвеноста и отвореноста на Црна Гора и Република Македонија за институционално зајакнување на врските претставени од македонското малцинство во Црна Гора и црногорското малцинство во Република Македонија.
Конкретните активности кои досега беа преземени за склучување и потпишување на Договорот беа на 24 февруари 2020 година. На состанокот одржан во администрацијата на дијаспората, иницијативата на тогашниот министер за дијаспора на Република Македонија, Едмонд Адеми, беше прифатена од тогашниот директор на администрацијата на дијаспората, г. Предраг Митровиќ, за потпишување меѓудржавен договор со целта на зачувување и зајакнување на националните и културните вредности на двете земји. Тогашниот директор на администрацијата на дијаспората, м-р Предраг Митровиќ, изрази подготвеност да го поддржи потпишувањето на меѓудржавен договор кој ќе го подобри статусот на двете заедници, бидејќи администрацијата на дијаспората учествува во работата на мешовитите комитети насочени кон заштита на малцинствата во земјите домаќини.
Лично, мислам дека единственото решение во иднина е да се реши ова прашање на ниво на владите на Република Македонија и Црна Гора според принципот на реципроцитет на начин што ќе овозможи институционално признавање на македонското малцинство во Црна Гора и црногорското малцинство во Република Македонија преку потпишувањето на овој Договор, и последователните измени на Правилата за избор на припадници на малцинска нација или друга малцинска национална заедница кои ќе следат од Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора.
Исто така, сакам да истакнам дека имаме одлична соработка со директорот Близнаковски и неговите соработници од Агенцијата за иселеништво, кои во претходниот период секогаш излегуваа во пресрет на нашите барања во рамките на нивните надлежности и со кои имавме средба минатата година во Подгорица.
Исто така, освен тоа, имаме одлична соработка и со претставниците на македонска дијаспора, кои исто така ни помагаат во рамките на своите можности.
Македонски весник “Илинден“: Како се организирани Македонците во Република Црна Гора и кој се проблеми се соочува?
Македонците во Црна Гора се слабо организирани, бидејќи постои недоволна поврзаност меѓу нив и немање насоки за користење на можностите за користење на нивните права што ги имаат како малцински народ во Црна Гора.
Токму поради оваа лоша меѓусебна поврзаност во Црна Гора, за жал, имаме случаи каде што поединечни лица кои воопшто не се етнички Македонци, ниту пак се со македонско потекло, се обидуваат да се претстават преку формирање на нивните невладини здруженија како наводни заштитници на македонското малцинство во Црна Гора и поддржувачи на македонската култура, а исклучиво со цел да добијат одредени средства за себе и за блиските кои редовно им се доделуваат на малцинските народи од буџетот на државните институции на Црна Гора.
Борбата не е лесна, но ќе истраеме до крај, се со цел да ги имаме колективните права што веќе ги имаат другите малцински народи во Црна Гора.
Македонски весник “Илинден“: Која е вашата порака за Македониците во Република Црна Гора?
Мојата порака за крај ќе биде: ,,Придружите ни се, заеднички да го почитуваме нашето минато и да ја градиме нашата иднина во Црна Гора! Придружите ни се во нашата кауза. Обедините, можеме! Време е да се формира Македонски национален совет во Црна Гора.“
Македонски весник “Илинден“: Во име на Македонски весник “Илинден“, ви благодарам за разговорот, за вашата соработка и ви посакувам личен и професионален успех.
Македонски весник “Илинден“
Главен уредник: Никола Ѓурѓај