Француски „Репортер“: Преспа e рај на дива природа во срцето на Балканот

Речиси 50 години, Преспанските езера беа отсечени од светот во корист на дивата природа. Денес, оваа погранична област меѓу Македонија, Албанија и Грција се надева на екотуризмот за спречување на силната емиграција на нејзините жители, пишува во опширната репортажа францускиот портал „Репортер“, посветен на екологијата.

Авторот Луј Сејер уште на почетокот на репортажата ги водедува своите читатели во „рајот“ наречен Преспа, регион кој скоро цели педесет години поради железната завеса ги подели луѓето, но геополитиката беше во полза на природата.

Преспа, со своите езера вгнездени на 850 метри надморска височина е „жариште на биолошката разновидностРазновидни живеалишта кои нудат импресивна фауна и флора – 1,500 видови растенија, 270 видови птици, 9 видови ендемични риби, присуство на сите големи европски месојади, итн.

Преспа е едно од најважните мочуришта во Европа. Како што ги делиме овие езера меѓу нашите три земји, важно е да работиме заедно за да постигнеме вистински резултати во заштитата на природата“, вели Даниела Заец од Македонското еколошко здружение.

Островите, паднати како карпа од небото во средината на езерото, летовите на пеликаните и коромораните кои скоро ве допираат, рибите, змиите, смоквите, старите преспански езера се денес зелен појас на европскиот континент.

Преспа Нет ги поврзува македонските, грчките и албанските еколошки здруженија. За да ги извршуваат своите проекти, тие првенствено се потпираат на локалното население, чии услови за живеење честопати биле тешки. Дури и денес, повеќето млади луѓе го напуштаат регионот поради недостаток на перспективи.

Репортерот го опишува селото Брајчино, преку Борис кој ја побара својата среќа, како и многумина, преку другата страна од океанот, а денес во својата старост ужива во чистиот воздух на Преспа.

„Животот полека се враќа во Преспа. Куќите се обновуваат, се развива еколошкиот туризам. Странските туристи доаѓаат да вкусат мед и локалната ракија. Македонците се учат од примерот од нивните соседи од Грција кои се понапред во туризмот“, вели Борис.

Но, за да се мине на другата страна од границата, треба да се направи заобиколување од 130 километри. По Брајчино, патот завршува. Затворен е со бариера и знак за застанување: малиот граничен премиен не е во функција веќе 50 години, по воениот удар во Грција. Една темна страница за регионот, наскоро ќе биде свртена. Благодарение на договорот од Преспа за името на земјата да стане Македонија, склучен во 2018 година помеѓу грчката и македонската влада, патот треба повторно да биде отворен, забележува „Репортер“.

Од една граница до друга, посетителот, исто така, може да направи скокови во времето, меѓу индустриските култури на грчката страна и егзистенцијалното земјоделство на албанската страна. Јазиците се разликуваат, како и начините на живеење. Во овие граници на Европа, каде што судбината на народите често се играше на друго место на континентот, културите се мешаат. Македонците, Грците и Албанците живеат, се разбира, околу езерото, но и Ромите, Власите или другите малцинства.

„Репортер“ го дава примерот на Цвета Трајче од македонско малцинство што живее во селата долж албанските брегови. Таму, потрошувачкото општество изгледа далечно, а работата на земја е тешка. На ридовите, старите жени со шарени марами се наведнати на малите парцели со чај или житни култури.

„Тука сè е домашно. Семејствата произведуваат она што јадат, леб, млеко, зеленчук, мед, вино, но не можат да ги продадат. Важно е да се даде жечба на младите да останат, без разлика дали имаат идеи за тоа како и каде да инвестираат“, вели Трајче, која штотуку завршила курс за обука за природни водичи што бил финансиран од германската држава.

Додека овој дел од Преспа сега се отвора за туризам, една од целите на невладините организации е да се направат овие природни производи достапни и да се подобрат слабите приходи на жителите.

Advertisement