Големиот Гане Тодоровски на страниците на светски познатото списание Circumference во превод од македонски јазик на Софија Поповска

Големиот Гане Тодоровски на страниците на светски познатото списание Circumference во превод од македонски јазик на Софија Поповска.

Circumference е двогодишно списание за поезија, превод и меѓународна култура. На веб-страната на  списанието https://circumferencemag.com/most-constant-unpresence/ читаме: „Ние веруваме дека преводот е витален дел од јавниот и уметничкиот дискурс. Во печатени и онлајн изданија, објавуваме нови преводи на поезија, драма и есеи, особено – но не исклучиво – од современи автори. Ние сме заинтересирани за интервјуа и дијалози меѓу уметници и мислители од сите полиња, како и за профили и други проекти кои фрлаат светлина врз литературната и уметничката практика низ светот.“

Уредник и издавач на списанието Circumference е Елина Алтер.

Песната „ЉУБОВ“ од Гане Тодоровски се најде на страниците на ова светски познатото списание во превод од македонски јазик на Софија Поповска.

Списанието Circumference во однос на изборот и презентирањето на авторите е исклучително професионално, а објавите се ценети и читани во цел свет.

Токму поради тоа, објавата на песната на Тодоровски во превод на Софија Поповска привлекува особено внимание. Имено, покрај преводот на читателот му се нудат основни податоци како:

ЈАЗИК: Mакедонски

ПОЕТ: Гане Тодоровски

ПРЕВЕДУВАЧ: Софија Поповска

РЕГИОН: Македонија.

Исто така има кратка буобиблиографија на авторот и преведувачот во кои читаме:

Гане Тодоровски (11 мај 1929 – 22 мај 2010) бил поет, критичар и историчар. Со литературата се појавувал како предавач на хрватска и македонска книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како претседател на Друштвото на писателите на Македонија и УО на фестивалот „Струшките вечери на поезијата“, како и уредување на неколку книжевни списанија.

Софија Поповска е руско-македонска поетеса и преведувачка во моментов со седиште во Германија. Нејзиното прво објавено дело е збирката поезија Лица во толпата, објавена во 2021 година во Дијалог прес. Дел од нејзините дела се објавени во книжевното списание „Експат прес“ и во албанското печатено списание „ЕксЛибрис“.

На овој начин, македонскиот јазик и македонската култура се шират низ светот, а овој пат, благодарноста ѝ ја должиме на Софија Поповска.

 

Advertisement