Интервју за Макфакс: Главен уредник на Македонски весник “Илинден” Никола Ѓурѓај по повод шест години од мисијата на македонскиот весник ,,Илинден“ во Тирана

Во Тирана редакцијата на весникот на македонски јазик „Илинден“ одбележува шест години од првото печатено издание. Раководството на друштвото на Македонците во Албанија „Илинден“ точно пред шест години одлучи да печати и весник преку кој ќе го информира, македонското малционство во Албанија.

Главниот уредник на весникот, Никола Ѓурѓај во интетрвју за „Макфакс“ вели дека во изминативе шест години, весникот предизвикал голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и кај Mакедонската дијаспора ширум светот. Ѓурѓај додава дека ,, Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта на Редакцијата на Македонски весник “Илинден” како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во шестгодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за Mакедонско национална малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на Македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на Македонското население вон границите на својата држава.

Главниот уредник на „Илинден“ вели дека Македонскиот весник е единствен весник на Македонците во Албанија, има печатена верзија и електронска верзија, веснико како поминуват годините така ги осварува целите да стане глас на Македонците во Албанија. Весник „Илинден“ излегува еднаш на 2 месеци ја погрива цела територија на Албанија и се дели кај Македонците на цела територија, достапен е во народна библотека во Тирана и во националнота билотока во Скопје. Во вртска со информирањето на Македонците во Албанија, Ѓурѓај истакнува дена тие во Албанија се информираат преку печатена верзија, додека пак во електроската верзија има секој дневно информирање за настаните на Македонците во Албанија, за настаните во Албанија и во Македнија, како и за Македонците на Блаканот, во Европа и во светот.

Редакцијата е мала и има шест новинари дописници од неколку градови и области во Албанија. Весниокот има одлична соработка со Македонската партија во Албанија – Македонска Алијанса за европаска интеграција  – МАЕИ, и со сите македонски здруженија.

Ѓурѓај вели дека интересот за весникот е многу голем и е во пораст од ден на ден, како на печатеното издание така и на електринското издание, како во Албанија така и надвор од Албанија, бидејки покрај вестите пренесува и традиции и култура на Македонците во Албанија и важни информации од Македонија./www.makfax.com.mk

Advertisement