Командантот на Воздухопловните сили на НАТО во посета на Албанија за базата Кучова

Командантот на воздухопловната команда на НАТО, генерал Tод Волтерс е на посета на Албанија во рамки на почетокот на реализацијата на проектот на НАТО за воздухопловната база во Кучова. Високиот претставник на Северноатланската алијанса најпрво се сретне со началничкот на Генерал-штабот на албанската армија, Бардул Колчаку, а потоа со министерката за одбрана Олта Џачка.

Албанската база во Кучова, која одамна е „гробишта на авиони”, кои некогаш биле дел од воздухопловството, ќе стане нова, прва  воздухопловна база на НАТО во регионов. Албанските мигови- претежно од руско производство, не летаат од 2005 година, додека албанскиот воздушен простор го надгледуваат Италија и Грција.

Базата, во 50-тите години на минатиот век, била дизајнирана од советски инженери, кои поставиле динамит под пистата за да ја разнесат во случај таа да падне во непријателски раце. За првата фаза од работата, НАТО ќе одвои 50 милиони евра, со цел да го претвори Кучова во база за опрема, логистика, обуки и вежби.

Advertisement