Лингвистичката работилница за македонските дијалекти од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ во Охрид

Од денеска, до 29 јуни, во Охрид, во Куќата на Уранија (МАНУ), се одржува Работилница на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика, при МАНУ, како прва активност од традиционалната манифестација – Научната и уметничка визита на МАНУ – Охрид 2019” . Работилницата ќе работи секој ден, со почеток во 11 часот и е отворена за сите заинтересирани, но и граѓани – соопштија од МАНУ.

На лингвистичката работилница ќе се разгледуваат методите на обработка на дијалектни атласи, теоретските и методолошките поставки на дијалектолошките истражувања, современата состојба на македонските дијалекти, а ќе се дискутира и околу концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик.

Денеска, на првиот ден, беше извршена Презентација на работата врз Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА) – Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ – МАНУ.

Утре, петок: Презентација на работата врз Македонскиот дијалектен атлас -Одделение за дијалектологија, Институт за македонски јазик „Крсте П. Мисирков. На 29.јуни (сабота): Дискусија околу концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик.

Во рамките на летните активности на МАНУ, на истотоместо, во во Куќата на Уранија во Охрид, на манифестацијата Научна и уметничка визита Охрид – 2019, ќе се одржуваат научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на МАНУ.

Advertisement