
По повод Светски ден на човековите права од печат излезе брошура со сите резолуции од македонското друштво „Илинден“-Тирана изглaсани од Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Во брошурата се сместени сите досега поднесени и изгласани резолуции, и истата е испечатена на македонски, албански и англиски јазик.
Имајќи го во предвид фактот што оваа брошура излегува за првпат, а особено што е испечатена тријазично, веруваме дека ќе одговори на секој заинтересиран за темата која се обработува во неа и ќе ги најде најосновните информации. Брошурата е отпечатена во тираж од 200 примероци. Македонското друштво „Илинден“- Тирана упатува благодарност до г. Александар Пасков од Швајцарија за помошта со која се реализира печатењето на оваа брошура.
Македонското друштво „Илинден“ е рамноправен член на ФУЕН од мај 2015 година и е првото друштво на Македонци надвор од матичната држава што е рамноправен член со право на глас
Цела брошура можете да го симнете во ПДФ формат Тука
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden