Медисон Ристевски млада Македонка од Австралија собрала 37 700 долари за реновирање на училиште во Македонија

Медисон Ристевски е 16-годишна Македонка од Австралија. Веќе четврта генерација од нејзиното семејство живее таму, но тие не ја забораваат Македонија. На училиште таа добила задача да лансира проект со кој ќе го направи светот подобро место за живот, па така одлучила да собира донации за реновирање на медицинското училиште во Битола. Била разочарана од неговата состојба при една посета во Македонија.

„Сум ја посетила Македонија неколку пати и сфатив дека сум благословена што живеам во Австралија, земја каде здравството, образованието, демократијата и квалитетот на живот се сметаат за најдобри во светот.

Во битолската образовна установа ѕидовите и таваните беа покриени со влага. Тоалетите или беа скршени или течеа или не се пушташе вода како што треба и имаше непријатен мирис од мигот штом влегов“, вели Медисон. Таа си постави задача да собере 37 700 долари за реновирање на објектот и упати апел за донации преку онлајн платформа, а за само 4 месеци успеа да ги мотивира луѓето од Австралија, но и целиот свет да донираат дури и повеќе од првично зацртаната цел. Целта на Медисон е да испрати порака дека секоја цел е остварлива, само ако сте одлучни и работите напорно.

Целата статија прочитајте ја ТУКА!

Advertisement