Мета не ја потпиша уредбата за нов министер за надворешни работи

Претседател Илир Мета го потпиша указот за именување на новите министри во Владата на премиерот Еди Рама, освен за Генц Цакај, кого Рама го предлага за нов шеф на дипломатијата. Претседателот ги наведува причините за враќање на уредбата за Цакај, истакнувајќи дека тој нема искуство и оти е неприфатлив неговот став за прашањето за косовските граници

Фунцијата министер за Европа и надворешни работи е една од најзначајните во владиниот кабинет, уште повеќе кога земјата е дел од тројката на ОБСЕ и кога Албанија очекува во јуни започнување на преговри за членство во ЕУ, се наведува меѓу дргото во образожението.

Косовецот Цакај, е прелог за местото на Дитмир Бушати, кој заедно со уште неколку министри ги опфати Рама со реконструкцијата на 28 декември. Мета на петти јануари потпиша уредба за смена на минстрите, по предлог на премирот, но не и за смена на Бушати.

Првпат претседател на држава да ја отфрли уредбата за министер за надворешни работи. Претходно, Мета првично ја отфрли уредбата за Сандер Лешај, но по неговото откажување од чинот генерал, претседателот го потпиша указот Леши да биде прв полицаец.

Мета потпиша уредба за именување на Ерјон Браче за вице премиер, Беса Шахини, исто така Косовска, за министерка за образование. Нов министер за финансии и економија ќе биде Анила Денај, додека Белинда Балуку министер за инфраструктура и енергетика. Бледи Чучи ќе биде министер за земјоделство, Елва Маргарти е нова министерка за култура, додека Едуард Шалси е нов државен министер.

Премиерот Рама го враќа повторно Министерството за односи со Парламентот и за негов прв човек ја назначи Елса Спиропали. По потпшувањето на уредбата, новите министери треба да дадат заклетва пред Мета а потоа само формално да бидат изгласани во Парламентот. Ова е прва темелна реконструкција на Владата по формирањето во септември минатата година.

Advertisement