На граничниот премин Требиште – Џепиште областа Голо Брдо, регистрирани се вкупно 483 патнии, од кои на излез 243, додека на влез 240 патници, потврдија од Министертвото за внатрешни работи.

Граничниот премин Требиште – Џепиште“ областа Голо Брдо е на 15-тина километри од Дебар, е од локален карактер, па во летниот период работи од 8 до 20 часот и право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и областа Голо Брдо.

Преминот главно се користи за посета на роднини, пријатели или по повод домашни веселби, поради роднинската поврзаност со жители од македонските села Отишани и Џепиште, но и од Дебар.