Нови Шенгенски правила за влез во ЕУ

Од утре на границите на ЕУ ќе се применуваат новите Шенгенски правила за контрола на патници. Ова се прави заради заштита на Унијата од тероризам. Освен граѓаните на третите земји, на границите детално ќе бидат проверувани и граѓаните на ЕУ.

 Во досегашната пракса беше доволно, граничната полиција да ја изврши основната контрола со проверка на патните документи. Но, сега документите ќе се проверуваат во Шенгенскиот систем на информации, Интерполовата база на податоци на украдени и изгубени патни исправи, како и на државна база податоци за украдени, злоупотребени , изгубени и оштетени патни исправи.

Државјаните на трети земји за влез во Хрватска, како прва земја од ЕУ од балканската рута на движење, мораат да имаат уредна патна исправа, но која мора да има важност најмалку три месеци по крајниот датум на заминување од подрачјето на државата членка.

Исто така, патниците мораат да ја оправдаат целта и условите за својот престој, како и да имаат доволно средства за престој и за враќање во нивната матична држава или транзит до трети земји, или пак да докажат дека имаат начин да ги заработат потребните средства.

Доколку некој патник има намера да патува на пример во Франција, но има забрана за влез во Италија, тој нема да биде пуштен да влезе на ниту една граница на земјите членки на ЕУ.

 

Advertisement