Општина Драгаш интензивно го расчистува снегот екипите на терен

Општинската служба за одржување на патиштата во координација со потпретседателот на општина Драгаш Ресул Фетаху и директорот на јавната администрација Ветим Рамадани во касните вечерни часови, почна со  отстарнување на снегот во Општина Драгаш, областа Гора.

Како што изјави за порталот Горапрес потпреседателот на општината Ресул Фетаху, покрај работниците од Општината Драгаш кои се сезонски ангажирани за одржување на локалните патишта, ја ангажирале и приватната фирма „Универзал комерц“ со својата механизациоја да го отсрани снегот од тротоарите.

„Дополнителен проблем при чистењето со механизацијата се оградите на тротоарите кои  што  оневозможуваат да се пријде до снегот чистењето на снегот испред одделни локали.

Денски е отежнато отсранувањето на снегот од тротоарите заради гужвите и паркираните автомобили, па затоа одлучвме чистењето да го извршиме во вечерните часови. И покјрај сите проблеми со кои се соочуваме, ќе настојуваме со нашите работи да овозможиме проодност до сите населени места  нашата општина, Драгаш“, ни истакна потпреседателот Фетаху. Додека работниците работеа на расчистување на тротоарите, снегот и понатаму паѓаше и работниците кои беа задолжени со трактори да го чистат снегот  по селата, на терен беа непрекидно 24 часа.

И покрај дводневните непрекидни врнења на снегот во општина Драгаш, сите локални регионални патни правци се проодни, а општинска служба за патишта по неколку пати  во текот на ноќта ги псети населените места. Према некои патни правиц и понатаму е задолжително користење на  зимска опрема. Сношти на подрачјето на општината Драгаш е измерена многу ниска темпшература која била измеѓу -14 до – 22 степени испод нула. Снабдувањето со електрична енергија во претходните денови е стабилно.

Во областа Гора, во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци.

Advertisement