Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин му ја врачи Благодарницата ”Илинден” на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН)

Огромна чест ми беше во името на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и во името на Македонско национално малциство во Република Албанија лично да му ја предадам на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), Благодарница ”Илинден” доделено во 2021 година на работна група на словенски малцинства (АГСМ) поради ковид пандемијата се додели во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин, рече Ѓургај.

Г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, се заблагодари во името на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН), г-дин Никола Ѓургај изрази надеж дека таа соработка и релации ќе продолжат и во иднина, и дека секоја негова заложба за Македонско национално малциство во Република Албанија е добредојдена. Се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.

Advertisement