Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и главен уредник на Македонскиот весник “Илинден” г-дин Никола Ѓурѓај на 23.03.2018 година во Скопје Република Македонија, освари средба со Претседателот на Центарот за информативна поддршка “Нов Контакт”- Македонија, д-р Златко Николоски. Центарот за информативна поддршка Нов Контакт од Македонија е Здружение на граѓани формирано 2007 год. на кое основна активност муе зајакнување на комуникацијата и врските со иселениците од Македонија и Македонското национално малциство во соседните земји.
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Претседателот на Центарот за информативна поддршка Нов Контакт од Македонија размениа мислење за по ефикасна соработката помеѓу двете здруженија, како и соработка на граѓанските организации од Република Македонија и организациите на Македонското национално малцинство во Република Албанија и за размена на активности и промоција на културните вредности на Македонското национално малцинство во Република Албанија, зближување на младите, независно од нивната национална, верска или социјална припадност со цел соработка кон подобра иднина.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
