Стерјовски: Малцинствата против казните во законот за попис во графата за етничка припадност 

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница,со жалење констатира дека и со новиот закон за попис на населението остануваат предвидените казни за „неточни одговори за етничката припадност“. Рече дека иако сите малцинства очекуваа албанските власти да го прифатат нивното барање и со новиот Законот за попис на населението, да ги укинат одредбите што применуваат казни за „неточни одговори на етничката припадност“тоа и понатаму останува.

Со жалење забележуваме дека, како и во Законот за попис во 2011 година, и во овој закон, членот 22 предвидува административни прекршоци со парични казни од 50.000 до 100.000 леки ( 410 до 820 евра), за давањето податоци на прашањето за етничко потекло, доколку е во спротивност со податоците запишани во граѓанскиот регистар. Сметаме дека самиот регистар преставува неверодостоен извор на информации. Членот 22 е во спротивност со меѓународните инструменти кои гарантираат слобода на изразување или не со етничка припадност различна од онаа на мнозинството од населението, рече Стерјовски. Додаде дека пописот во 2011 година малцинствата го бојкотораа а резултатите не беа прифатени и беа оспорени како од малцинствата и верските заедници, така и од домашните и меѓународните институции кои се занимаваат со мониторинг на правата на малцинствата.

Владата и Собранието треба да ги земат в предвид препораките на меѓународните институции и во законот за попис треба да ги укинат одредбите што применуваат казни за неточни одговори за етничката припадност, избегнувајќи истовремено какво било дејствие што може да изврши притисок врз слободниот избор на изразување на кое било лице, рече Стерјовски. Во Албанија статусот на етничка припадност на малцинствата им се признава само во општините кои се признати како „малцински општини“. За Македонците тоа се Мала Преспа и општина Врбник, околија Девол. Со напуштање на таа територија, каде и да живеат во Албанија прпадниците на малцинствата автоматски во граѓанскиот регистар ги запишуваат како Албанци. За законот на попис кој ќе се спроведе во октомри 2022 гласаа 86, против беа 11 додека воздржани четворица пратеници.

Advertisement