Услови за користење

Услови за користење

Прифаќање на условите за користење на Македонски весник “Илинден” со пристапот на интернет страницата www.vesnik-ilinden.com ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате условите за користење на содржините од интернет страницата www.vesnik-ilinden.com Секоја промена или дополнување на условите за користење се применува од денот на објавувањето. Посетителите на интернет страницата www.vesnik-ilinden.com имаат право на увид во сите објавени содржини со помош на своите интернет пребарувачи само за лично информирање. Најчесто, не е дозволено преземање на целата содржина, туку максимум 50% од неа, доколку се работи за текст. Видео содржините кои се преземаат, мора да бидат со линк до нашиот сајт, а никако симнати и преобјавени на некој друг сајт или видео канал. На крајот од преземаната содржина, се става линкот до конкретната содржина што се презема. Пример: Целосниот текст, прочитајте го на следниов линк (копирајте го линкот од конкретната содржина). Посетителите на интернет страницата www.vesnik-ilinden.com немаат право на никаков начин да ги преземаат содржините, целосно или делумно, и да ги отстапуваат на трети лица, да ги складираат во електронска или каква и да е друга форма, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални цели, без писмена согласност од Македонски весник “Илинден”. Македонски весник “Илинден” го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови.

Заштита на авторските и сродни права

Македонски весник “Илинден” нејзините содржини, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Информативните содржини на интернет страницата www.vesnik-ilinden.com меѓу другото се дел од базата на податоци на Македонски весник “Илинден”. Таа база од податоци е сопственост на www.vesnik-ilinden.com е во согласност со Законот за заштита на авторски и сродни права и е заштитена како самостојно авторско дело. Дел од информативните содржини на интернет страницата www.vesnik-ilinden.com создаваат информации кои се интелектуална сопственост на деловните партнери на Македонски весник “Илинден”.

Заштита на приватноста и тајност на податоците

Интернет страницата www.vesnik-ilinden.com ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се достапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со закон.

Врски (линкови) до други интернет страници

Некои од врските (линковите) на интернет страницата www.vesnik-ilinden.com водат кон интернет страници и сервиси на други извори на информации и информирање. Македонски весник “Илинден” на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници и сервиси

Предупредување

Секое неовластено објавување вести, фотографии или видео, во друг медиум (печатен, електронски или интернет-портал) Македонски весник “Илинден” објавува дека чини 500 евра по едно објавување вест, фотографија или видео. Тој што неовластено ќе објави вест, фотографија или видео се согласува на овие услови. За секое неовластено објавување Македонски весник “Илинден” ќе достави фактура до објавувачот со рок на плаќање од 8 дена. Во случај фактурата да не биде платена во утврдениот рок, ќе биде пресметана законска, казнена камата и ќе биде поведена постапка за присилна наплата против неовластениот објавувач.