Усвоен мандатот на Советот на ЕУ за Планот за раст на Западен Балкан

Амбасадорите на земјите – членки на Европската унија го усвоија преговарачкиот мандат на Советот на ЕУ за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Усогласувањето со надворешната политика на ЕУ станува важен елемент при одлучувањето за распределбата на финансиските средства од Планот за раст за регионот.

„Плаќањата ќе бидат предмет на строги услови во однос на постигнување на реформите наведени во Реформската агенда договорена за секој партнер. Во својот мандат, Советот става поголем фокус на усогласувањето на партнерите со заедничката надворешна и безбедносна политика“, се вели во соопштението од Советот на ЕУ.

Advertisement