За Нас

Македонски весник “Илинден” излезе на печатење во Фебруари 2011 година во Тирана, Република Албанија. Македонски весник “Илинден” е весник на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и единствен весник на Македонците во Република Албанија, што излегува во печатна верзија и електронска верзија. Македонски весник “Илинден” продуцира и пренесува информации на македонски јазик. Се објавуваат вести за Македонците во Албанија, Македонија, Албанија, Балкан, Европа и Свет, политички вести, економски вести, културни вести, спортски вести, интервјуа. Македонски весник  “Илинден” се стреми кон стандарди на објективно, истражувачко, аналитичко новинарство, објективно претставување на информациите и нивните извори, како и квалитет и креативност при создавањето на вестите.