Зорица Митровиќ едногласно е избрана претседател на Националниот совет на Македонците во Србија

Во саботата, во Јабука се одржа седница на Националниот совет на Македонците во Србија за избор на претседател по смртта на Борче Величковски. На седницата за претседател на Националниот совет на Македонците во Србија, едногласно е избрана Зорица Митровиќ од Белград, член и од 2014 годинa секретар на Националниот совет на Македонците во Србија. Мандатот на Митровиќ е до 2026 година, до крајот на мандатот на актуелниот состав на Националниот совет на Македонците во Србија избрани на последните избори на електорското собрание во 2022 година.
На почетокот на работата, членовите на Националниот совет на Македонците во Србија со едноминутно молчење му оддадоа почит на починатиот Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Македонците во Србија, кој по кусо боледување, на 51-годишна возраст, почина на 10 март годинава. Борче Величковски функцијата претседател на Националниот совет на Македонците во Србија ја остваруваше во четири мандати 2010-2014, 2014-2018, 2018-2022 и 2022-2026 година.
Advertisement