Свет

Централната Влада на Кина ќе има канцеларија во Хонг Конг

Според кинескиот предлог закон за национална безбедност за областа на Хонг Конг, централните власти во Пекинг ќе формираат канцеларија во таа поранешна британска колонија, која ќе биде надлежна за собирање разузнавачки податоци, безбедност и одржување на редот. Деталите од нацрт-законот, кој моментално го разгледува постојаниот комитет на кинескиот парламент – Народниот национален конгрес – ги соопшти кинеската државна новинска агенција ...

Read More »

Европскиот парламент усвои Резолуција против расизмот

Европскиот парламент усвои резолуција „Животите на црнците се важни“ како одговор на протестите за расна правда што се проширија низ цела Европа по убиството во САД на Афромериканецот Џорџ Флојд, јави Еуроњуз. За резолуцијата гласаа 493 европратеници, 104 беа против и 67 воздржани, а во неа се прокламира дека трговијата со робови е „злосторство против човештвото“. Во текстот на резолуцијата, ...

Read More »

Трамп со критики кон Германија поради долгови кон НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикува својот сојузник во Европа, Германија, поради наводни долгови кон НАТО и за Северен тек 2, пренесуваат германските медиуми. Трамп повтори дека има намера да повлече 10.000 американски војници од Германија. Од Германија веќе со години недостигаат уплати и таа должи милијарди долари на НАТО и тоа мора да го платат, порача Трамп на состанокот во Белата ...

Read More »

Мас: Наскоро ќе го повлечеме предупредувањето за патување за земји надвор од ЕУ

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека постои можност Германија следната недела да го повлече патничкото предупредување за земјите надвор од ЕУ. „Не би исклучил во моментот дека ќе има и други земји за кои ќе можеме да ги повлечеме предупредувањата за патувања“, изјави Мас. Според него, одлуката ќе зависи од состојбата со коронавирусот во тие земји. Тој ...

Read More »

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил го освети новиот православен храм (ВИДЕО)

Рускиот патријарх Кирил денеска ја освети новата главна воена катедрала, изградена за одбележување на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа. На церемонијата присуствуваа верски водачи, министерот за одбрана Сергеј Шогу, гости и стотици војници. Катедралата на руските вооружени сили е изградена во Патриотски парк во московското предградие Кубинка. Катедралата требаше да биде осветена на 9 мај, кога ...

Read More »

Парламентарните избори во Црна Гора ќе се одржат во септември

Парламентарните избори во Црна Гора најверојатно ќе се одржат во првата недела од септември, објави подгоричкиот весник „Побједа“ повикувајќи се на неименувани извори од владејачката коалиција. Изборите ќе бидат одражани најдоцна во првата недела од септември, бидејќи новата влада ја очекува многу работа за државните финансии, чија стабилност е загрозена поради пандемијата со коронавирусот. Мора да се направат резови во ...

Read More »

Германија службено известена за повлекување на американските војници

Германската влада соопшти во средата дека добила службено известување за планираното делумно повлекување на американските војници стационирани во земјата. „Сојузната влада е изестена дека американската администрација разгледува намалување на пристуството на американските вооружени сили во Германија. Колку што ни е познато, не е донесена конечна одлука“, изјави за новинарите во Берлин, заменичката портпарол на германската влада, Улрике Демер. Нејзината изјава ...

Read More »

Сеул го повикува Пјонгјанг да ги зачува каналите за комуникација

Јужна Кореја ја повикува Северна Кореја да ги зачува постојните линии на комуникација меѓу двете земји, изјави портпаролот на јужнокорејското министерство за обединување. Овие телефонски линии помеѓу југот и северот се главниот инструмент за одржување комуникации, тие мора да бидат зачувани во согласност со постојните договори – потенцираше јужнокорејскиот претставник, пренесува ТАСС. Тој исто така истакна дека Сеул сака во ...

Read More »

Грција, Кипар и Ерменија ја блокираат кандидатурата на Турција за председател со Генералното собрание на ОН

Грција, Кипар и Ерменија се спротивставија на кандидатурата на Турција да биде следен претседател со Генералното собрание на Обединетите нации, што претставува прв ваков потег во историјата на организацијата, јави Т24. Претседателствувањето со Генералното собрание на ОН е со едногодишен мандат и ротира меѓу пет регионални групи на земји-членки на ОН. Групата на Западна Европа и другите, каде Турција е ...

Read More »

Кина тврди дека веднаш ја известила СЗО за епидемијата на коронавирусот

Кина веднаш ја извести Светската здравствена организација и другите релевантни земји за епидемијата на коронавирусот, се вели во извештајот на Канцеларијата за информации на кинеската Влада објавен денеска. Во извештајот се додава дека Кина „поделила цела секвенца на геномот и специфичните прајмери и сонди за откривање на Ковид-19 и редовно ја известувала Светската здравствена организација и релевантните земји за епидемијата, ...

Read More »