Во САД бројот на потврдени случаи на коронавирус се искачи на 85.612, што е најголем број отколку во која било земја во светот. Со ова, САД ги надминаа Кина и Италија во бројот на случаи со коронавирус. Со 81.340 заразени случаи, Кина се најде на второ место во светот и Италија со 80.589 случаи на трето место Извор:www.worldometers.info
Read More »Свет
Затворена и црквата на Светиот гроб во Ерусалим
Црквата на Светиот гроб во Ерусалим, која се смета во христијанска традиција за место на погребувањето на Исус, денеска е затворена на една недела а да се избегне ширењето на инфекцијата со коронавирус, соопштија црковните власти. „Базиликата „Светиот гроб“ ќе биде затворена од 17 часот во среда“, соопшти Вади Абу Насар, задолжен за односи со медиумите од асоцијација „Света земја“. ...
Read More »Во италијанскиот град Бергамо пристигна конвој со руска медицинска помош (ВИДЕО)
Рускиот тим за одговор на коронавирус составен од медицински експерти и специјалисти на руското Министерство за одбрана денеска во конвој се упатија од италијанската воздухопловна база Пратика ди Маре кон Бергамо. Градот Бергамо на северот на Италија е еден од најтешко погодените градови од КОВИД-19, а руските тимови ќе помогнат во борбата против ширењето на пандемијата. Според руското МО, 22 ...
Read More »Падна владата во Приштина: Албин Курти повеќе не е премиер на Косово
Косовскиот парламент, на вонредна седница изгласа недоверба на владата на премиерот Албин Курти што како точка на дневниот ред беше поднесена од пратениците на ДСК. За недоверба на владиниот кабинет се изјаснија 82 пратеника од вкупно 117 присутни на гласање. Против беа 32 народни избраника, додека еден беше воздржан, пренесува „Косово онлајн“. Пред гласањето, премиерот Курти изјави оти сака да ...
Read More »Бил Гејтс во 2015: Светот не е подготвен за следната епидемија (ВИДЕО)
Може да има вирус каде луѓето ќе се чувствуваат доволно добро кога се заразени па да се качат на авион, да одат на пазар. Изворот на вирусот може да биде природна епидемија, како еболата или може да биде биотероризам. Вака во 2015 година говореше Бил Гејтс на ТЕД конференцијата. Тој зборуваше за вирус кој се шири во воздухот, како шпанскиот грип од ...
Read More »Русија: Путин посети болница со заболени од коронавирус и разговараше со нив (ВИДЕО)
Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја посети болницата во Комунарки, предградие на Москва, во која е сместен најголем број заболени со коронавирусот. Тој облечен во заштитно одело прошета во неколку одделенија, разговараше со еден од пациентите и ја надгледуваше работата на персоналот. Исто така разговараше и со главниот доктор на болницата. За време на неговата посета, портпаролот Дмитриј Песков ...
Read More »Девет руски авиони со медицинска опрема пристигнаа во Италија (ВИДЕО)
Русија и испрати на Италија експерти и медицински средства, како помош во борбата против новиот коронавирус. Девет руски авионите Илјушин слетаа во база што се наоѓа на 30 километри од Рим. Рускиот претседател Владимир Путин во саботата во телефонскиот разговор со италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Москва е подготвена да и пружи брза помош на Италија. Руското Министерство за ...
Read More »Кина почна со тестирање на вакцина против коронавирусот
Кина го започна своето прво клиничко испитување на вакцина против новиот коронавирус. Во петокот, 108 доброволци, поделени во три групи, ги добија првите инјекции“, објави кинескиот весник на англиски јазик „Глобал тајмс“. Волонтерите се на возраст од 18 до 60 години и сите се од градот Вухан, каде што се појави ковид-19 во декември минатата година. Нивното здравје ќе се ...
Read More »Германија забранува собири на повеќе од две лица
Германскатата сојузна влада и владите на германските сојузни покраини воведоа забрана за состанување на повеќе од две лица во јавноста, со исклучок на лица кои живеат во исто домаќинство, изјави во неделата канцеларката Ангела Меркел. „Коронавирусот се проширува со загрижувачка брзина и поради тоа социјалниот живот треба да биде намален на најмалата можна мерка. Ве молам да се придржувате до ...
Read More »Кубанска лекарска бригада на помош на Италија
Иалијанските власти и комунистичка Куба потврдија дека овој викенд карипската земја првпат испратила бригада од лекари и медицински сестри во Италија да помогнат во борбата против новиот коронавирус на повикот од најтешко погодениот северен регион Ломбардија. Карипскиот остров од револуцијата во 1959 година започна да ги испраќа своите „војски на белите мантили“ на местите погодени со катастрофи ширум светот, најмногу ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden