Tag Archives: Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“

Бигорскиот манастир го слави својот патрон со патријаршиски благослов

Со песни и торжество, со благодарности и славословија, Бигорски манастир го слави богопрославениот патрон, својот заштитник, закрилник и небесен застапник, светиот славен и чесен пророк, Претеча и Крстител Господов, Јован. Неговата чудотворна Бигорска икона и светите мошти во цветно украсениот храм излеваат благомирис и радост низ неговиот дом на падините од Бистра и ги напојуваат и успокојуваат душите на населниците ...

Read More »

Црковните старопечатени книги од с. Лазарополе подарени во Бигорската книгохранителница

По желба и иницијатива на Црковниот одбор при црквата „Св. Вмч. Георгиј Победоносец“ во с. Лазарополе, кој покажа голема совесност, словесност и грижа кон писменото христијанско и културно наследство, а во договор и со благослов на нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, денеска на Бигорската книгохранителница ѝ беше врачена една мошне значајна книжна збирка од стотина старопечатени книги. ...

Read More »

Бигорските икони зборуваат за илјада години духовен живот на Македонскиот народ

Меѓу иконите, сепак, најмногу интерес привлекува претстава на чудотворната икона на св. Јован Крстител за која се верува дека постои од почеток на 11 век, а во 1885 година била облечена во сребрен оков. Оние што го посетиле манастирот велат дека таа носи мир, спокојство и радост, дека им помогнала на многу верници кои се помолиле, па затоа монасите кои ...

Read More »

Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Усекновението на главата на Чесниот Претеча, изговорено на вечерната богослужба, во соборниот бигорски храм, на 10 септември 2019 лето Спасителово. Дозволите, мили мои, да ви се обратам со едно кратко слово, заради славата и честа на овој ден. Денес светата Црква Божја го слави сечесниот спомен на корифејот помеѓу пророците, Патронот на оваа ...

Read More »

Бигорскиот Манастир Св. Јован Крстител секојдневие низ монашката песна „Среде пустинската убост“  

Во прилог на подготовката на видео запис за монашката песна „Среде пустинската убост“, стручни тимови составени од директори на фотографија, продуцент, монтажер и режисер, веќе извесен период наназад присуствуваа во Бигорското светилиште, трудејќи се вешто да го уловат и стават на камера секојдневниот монашки живот во Обителта. Станува збор за песна која е своевиден приказ на монашкото секојдневие, составена од ...

Read More »

Кај Бигорскиот Манастир Св. Јован Крстител осветени темелите за нов гостински конак 

Бигорски манастир ќе добие нов гостински конак чија изградба почна денес со осветување на темелите. Новиот објект ќе се гради на постоечкиот манастирски паркинг, пред долната порта и ќе располага со 70-тина легла. Чинот на осветување го изврши Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и епископот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На овој голем празничен настан, св. Партениј Лампсакиски, што се совпаѓа со ...

Read More »

Ексклузивно божиќно интервју со архимандрит Партениј на бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“

Колку манастирот е посетен за Божиќ и како се подготвувате за празникот? Бигорски одамна стана едно од омилените места за собирање на православните верници за време на големите празници, секако поради тоа што манастирот има многу свои духовни чеда, од кои дел доаѓа и на празничното бдение за Рождеството Христово. Но би сакал да напоменам дека голем дел од нашите ...

Read More »