Tag Archives: Голо Брдо

Македонците во областа Голо Брдо со нов пат што го поврзува селото Оржаново (ФОТО)

Општина Булќиза започна со работа на патот што го поврзува селото Оржаново, областа Голо Брдо, Административна единица Острен, ќе се изградат, странични канали, подлоги и слоеви со чакал, давајќи решение на овој голем проблем на жителите на селото Оржаново. Ова е прв пат да се инвестира во овој пат од пропаѓањето на тоталитарниот режим. Инвестирањето во областа Голо Брдо е од ...

Read More »

Ковачевски се сретна со Македонци од Голо Брдо – им донираше градежна машина и светилки за улично осветлување (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Македонци од областа Голо Брдо од Албанија. Во рамки на Акцискиот план за поддршка на Македонците во Голо Брдо и Пустец, премиерот донираше градежна машина и сијалици за улично осветлување, со што се реализираше уште едно барање од заедничкиот договор на Македонците, од овие краеви, со Владата. Во продолжение ...

Read More »

Елтон Зепај од Требиштe областа Голо Брдо победник на купот  борење “Голо Брдо 2023 година”

Пред неколку дена борачот Елтон Зепај, од Требиштe областа Голо Брдо кој живее во Драч и работи во Обединетото Кралство, го освои 10-тиот традиционален куп на борење. Овој прекрасен машки спорт кој се одвива во природа се одржа традиционално во Големо Острени, областа Голо Брдо. Настанот спонзориран од Боречкото друштво „Голо Брдо“ со водачот, професорот Рази Рама и од општина ...

Read More »

Македонците сами го уредија патот Стеблево-Клење областа Голо Брдо

Македонците од селото Клење област Голо Брдо деновиве самоиницијативно реализираа активност за уредување на патот што го поврзува со село Стеблево, кој бил во многу лоша состојба. Сега, драги политичари можете да дојдете да го побарате гласот! Момчиња од Клење во припомош со две момчиња од Стеблево завршија колосална работа со пополнување на многуте ударни дупки и попесочување на патниот ...

Read More »

Македонците од административни единици Острени и Требиште во областа Голо Брдо апелираат да се асфалтрира патот Мостот на Церенец- Стеблево (ВИДЕО)

Иако требаше да биде асфалиран патот што ќе ги поврзува Дибра со Либражд, во моментов страшна е состојбата на патот Мостот на Церенец- Стеблево. Македонците во двете административни единици Острени и Требиште во областа Голо Брдо, се надеваат дека ветувањата ќе се реализираат, патот ќе биде асфалтиран и дека патот ќе биде безбедебеден за користење. Како информација за јавноста, да кажеме ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана во соработка со ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга донираа новогодишни пакетчиња за Македончињата во Требиште, Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана во соработка со Ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга и поддршка од Хуманитарна организација “Свети Спас” од Скопје, Македонија се реализираше заедничка донација во Требиште областа Голо Брдо. Посебно здоволство е што за Македончињата во Админстративната единица Требиште во областа Голо Брдо се донираа 50 новогодишни пакетчиња во соработка со ракометен клуб “Енхалон“ од Струга, Админстративната единица Требиште, ...

Read More »

Македонците во Требиште, областа Голо Брдо, со два нови моста и сериозен ангажман за подобрување на патиштата

Градоначалникот на Општина Булќиза, Лефтер Ала придружуван од Едмонд Османи, администратор на админстративната единица Требиште во областа Голо Брдо, присуствуваа на започнувањето со изградба на два моста. Исто така, во нивната агенда беше и систематизацијата на патишта со што треба да се олесни движењето на жителите во село Требиште. Во таа прилика, градоначалникот Лефтер Ала истакна дека со ова инвестиција ...

Read More »

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во посета кај Македонците во Голо Брдо (ФОТО)

Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, објави мнистерот за надворешни работи, Бујар Османи, за денешната посета на Македонците во областа Голо Брдо во Албанија. Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би ...

Read More »

Проф.д-р Кимет Фетаху: Македонскиот јазик ми е мајчин јазик

Денеска проф.д-р Кимет Фетаху гостуваше во емисијата на новинарот Енкел Деми на албанската национална телевизија АБЦ Њуз каде зборуваше за неговата кандидатура за претседател на Република Албанија како предлог на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интерација (МАЕИ). Во интервјуто проф.д-р Кимет Фетаху зборуваше за своето македонско потекло од село Требиште, областа на Голо Брдо и ...

Read More »