Tag Archives: косово

Собранието на Советот на Европа го поддржа членството на Косово

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член, 29 беа против, а 11 беа воздржани. На расправата имаше жестока дебата, за и против членството на Косово, кое својата кандидатура ја поднесе пред две години. Сега процесот се сели во Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, кој се очекува конечната одлука ...

Read More »

Во Косово денеска почнува пописот на населението

Според законот, секој жител на Република Косово е должен на попишувачот да му ги достави сите точни податоци во прашалниците за пописот на населението. По повеќе од две години одлагање, во Косово денеска ќе започне пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, во процес кој ќе трае шест недели, односно ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во областа Гора Република Косово да се изјаснат дека се Македонци да го чуват својот Македонски идендитет

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавен повик до Македонците во областа Гора и цело Република Косово, на пописот на населението од 5 април до 17 мај годинава да се попишат како Македонци, со мајчин Македонски јазик. Жителите на областа Гора, и цело Република Косово не се ништо друго, освен етнички Македонци, се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од Македонскиот народ! Македонско ...

Read More »

Жена загина од лавина на косовската страна на Шар Планина

Косовската полиција соопшти дека попладнево странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица, на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштение за медиумите на косовската полиција се вели дека најверојатно една жена, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот во Брезовица, како ...

Read More »

Пендаровски ги посети припадниците на македонскиот контингент во рамки на КФОР во Косово

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Косово, денеска во Пеќ престојуваше во посета на Регионалната Команда – Запад на КФОР, кадешто се сретна со припадниците на македонскиот контингент и оствари средба со командантот на Регионалната Команда – Запад, полковник Франческо Ферара. На средбата со припадниците на македонскиот контингент во мисијата „КФОР“ кадешто се распоредени 65 припадници ...

Read More »

Косово го воведе еврото како домашна валута

Со уредба на Централната банка на Косово (ЦБК) од 1 февруари еврото е единствена валута за извршување на готовина и платежни трансакции. Српскиот динар како официјалната валута на Србија до сега го користеа српските заедници во Косово. Српската валута се користеше и за исплата на плати на вработените во српските институции, како и пензии во српскиот систем, детски додаток или ...

Read More »

Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу, го потпишаа договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен. Физибилити-студијата покажа дека најоптимална е трасата што почнува од Тетово преку Попова Шапка, Бродец и завршува во населеното место Вешала на македонска ...

Read More »

Албанија во 2024-та ќе го зголеми бројот на војници во мисијата КФОР

Новоименуваниот амбасадор на Албанија во Косово, Петрит Маљај, изјави дека од 2024 година неговата земја ќе го зголеми своето присуство во Косово преку мировната мисија на НАТО, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната средба во средата со командантот на КФОР, Озкан Улутас, Маљај изјавил дека Албанија го смета Косово за свој најголем приоритет. Пријателска средба со командантот ...

Read More »

Одложен пописот на населението во Косово

Косовската агенција за статистика соопшти дека пописот на населението нема да започне на 1 ноември, како што најави косовската влада пред повеќе од два месеци и побара тој да се одложи за следната година, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменик-шефот на КАС, Илир Бериша, нагласува дека доцнењето на постапките за набавка на таблети, неврбувањето на матичари и надзорници и ...

Read More »

Европскиот парламент одобри визна либерализација со Косово

Граѓаните на Косово во иднина би требало да можат да влегуваат во Европската унија без виза. Одобрувањето на безвизниот режим од страна на европратениците е важен чекор на патот кон поблиска соработка меѓу Приштина и ЕУ, оцени европратеникот Тејс Рутен, кој го предводеше тимот на Европскиот парламент во преговорите за новите правила за влез во Унијата. Според плановите, најдоцна од крајот на ...

Read More »