Tag Archives: македонска алијанса

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја осудува изјавата на Ана Кочева од БАН

“Бугарските историчари и научници не престануваат да лажат и манипулираат. Според Ана Кочева од институтот за бугарски јазик, Македонскиот јазик е формиран во 1944/45 година. Таа тврди дека македонскиот јазик бил создаден под притисок на Југославија, а наводно тогаш имало притисок во Македонија да се зборува српски, но според неа во Македонија имало одбојност и затоа останал бугарскиот јазик, со ...

Read More »

Македонска Алијанса го поздравува извештајот за Македонците во Бугарија  од Комесарот за човекови права на Совет на Европа

После ланскиот Извештај на Германскиот Парламентарец Франк Швабе и Унгарскиот Золт Немет, кои, како членови на мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, останаа доследни на барањата за почитување на правото на Македонците во Бугарија, сега и четвртиот Комесар за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, во својот Извештај го нотира истото. Бугарија не го регистрира „ОМО “Илинден”-Пирин“ и не ...

Read More »

Македонската Алијанса упатува честитка по повод Меѓународниот Ден на мајчиниот јазик

Македонската Алијанса упатува честитка до сите браќа и сестри Македонци во Татковината и ширум светот, да го славиме нашиот древен Македонски јазик и да им покажеме уште еднаш на сите дека не постои сила која може да ни го одземе идентитетот. Сите заедно да ги славиме и паметиме нашите просветители Светите браќа Кирил и Методиј кои се заслужни за Македонската ...

Read More »

Македонска Алијанса упати честитка за 11 годишнината од основањето на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Изминаа 11 години од основањето на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, со кое заеднички неуморно и посветено се бориме за демократските права на нашите браќа и сестри Македонци во Албанија. На г-динот Никола Ѓурѓај, Претседателот на Македонското Друштво му оддавам особено признание за залагањата во заштитата на Македонскиот национален идентитет. На овогодишните добитници на награди и благодарници „Илинден“ од срце им ...

Read More »

Божикна честитка на Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Почитувани, По повод Денот на Христовото раѓање – Божик, до сите верници во Татковината и надвор од нејзините граници, кои овој Голем христијански празник го чествуваат по Грегоријанскиот календар, ја упатувам следната честитка: „Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето свештенство и монаштво, на сите православни верници на Македонската Православна Црква во Република Македонија и надвор, ...

Read More »

Сочувство од Македонска Алијанса за загинатите и повредените во земјотресот во Албанија

Со длабоко жалење ги проследив информациите за страшните последици од земјотресот во Драч и другите места во Албанија. Од мое лично име и од името на целата на Македонска Дијаспора упатувам сочувство Вам како Претседател и до семејствата на загинатите, како и кон оние што трагаат по своите најблиски, а на повредените им посакувам побрзо оздравување. За жал, природата неретко ...

Read More »

Македонска Алијанса ја поздрави резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана која ја изгласа ФУЕН

Македонската Алијанса ја поздравува одлуката на Федералната Унија на Европски националности – ФУЕН, која на 64-от Конгрес кој се одржа во Братислава, Словачка на предлог на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана едногласно усвои Резолуција за образовна и културна автономија за нашите браќа и сестри Македонци во Албанија. ФУЕН ваквата Резолуција, од името на сите 150 делегати, претставници на 103 организации ...

Read More »

Македонската Алијанса го поздравува иохрабрува учеството на партијата на Македонците во Грција „Виножито“ на Евроизборите

Македонската Алијанса го поздравува, охрабрува и целосно подржува учеството на партијата на Македонците во Грција „Виножито“ на Евроизборите. Ова е прв чекор кон рушењето на заблудите на домашните предавници дека на нашите браќа и сестри во Егејска Македонија им е скршен духот и дека ја прифатиле асимилаторската и угнетувачка политика на Грчките власти. Нивната порака е исклучително силна и го ...

Read More »

Отворено писмо до Македонската јавност од Македонска Алијанса

  После објавата на текстот на договорот се е јасно! Предавничката Влада на Заев, Димитров и Шекеринска продала се’ што е свето за Македонскиот народ! Договор кој предвидува продажба на вековното име Македонија, промена на преамбулата, откажување од нашите браќа и сестри Македонци од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Гора, Голо Брдо и Врбник не е само предавство туку изживување ...

Read More »

Македонска Алијанса го поздравува заедничката седница на двете Влади на Албанија и Македонија

    Без разлика што Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со тоа што не го потпиша Законот за заштита на малцинствата не го спречи и неговото стапување на сила, сепак ние го поздравуваме овој гест кон нашите браќа и сестри Македонци кои живеат таму. Движењето за Социјалистичка интеграција на Илир Мета беше против кога во Албанскиот Парламент првичната верзија ...

Read More »