Трудот на македонска пејачка и музичарка Андријана Јаневска на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ за нас Македонците е од непроценливо значење, бидејќи, меѓу другото се намалува просторот за фалсификување на нашата, македонска народна песна, оценува Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Според него, во овој труд, се опфатени неколку многу важни теми за Македонците ...
Read More »Tag Archives: Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Историски ден за Македонците во Албанија: Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на Федералната унија на европските националности
Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик. Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Брошурата содржи информации за 28 малциства во Европа, ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставници на словенските малцинства во Европа
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на 26-тиот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН, што се одржa од 19-ти до 22-ри октомври во Загреб, Хрватска, најголемиот собир на словенските малцинства во Европа. На семинарот присуствува 13 различни малцинства од 11 земји од организации членки на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) при ...
Read More »Објавена е монографијата „Голобрдскиот говор“ од д-р Дијана Петровска
Во областа Голо Брдо во Албанија говорот на жителите по својот фонолошки систем и граматичка структура влегува во составот на македонскиот дијалектен систем и истиот ја зачувал својата посебност, вели професорката по хуманистички науки и македонистика Дијана Петровска, автор на монографијата „Голобрдски говор“. Авторскиот труд е изработен како резултат на теренско истражување во селата во областа Голо Брдо. На прашањето ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од властите на Република Албанија да го прогласат бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за персона нон грата
Во време на актуелен попис, одредени бугарски лица слободно се шетаат по градовите и селата населени со македонско население низ Република Албанија, со единствена цел да се присилуваат да се изјаснуваат како Бугари. За таквата активност на бугарските емисари јавно зборуваат Македонците, негодувајќи на говорот на омраза кои тие лица ги користат кон Македонците, како и користењето на децата како ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана го честита Eвропскиот ден на јазиците со честитка до Македонците
Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 септември, ден на европските јазици, упати честитка до сите Македонци, кои како што наведуваат, каде и да се, со порака да го зачуваат мајчиниот јазик, бидејќи, како што посочуваат, тоа е најголемото обележје на националниот идентитет, но и да научат и други јазици, затоа што тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана го осудува посетата на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров во Голо Брдо и Мала Преспа
Македонското друштво “Илинден“-Тирана го осудува крајно агресивното и дрско однесување на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров кон Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа. Во екот на пописот во Република Албанија, бугарскиот амбасадор Ивајло Киров, без основно почитување на националните чувства на Македонците во Република Албанија, врши отворен атак врз македонското население во Голо Брдо и Мала Преспа, а со намера ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана: Главата горе и изјаснете се она што сме – Македонци
Пред пописот на населението и домаќинствата во Република Албанија, што почнува утре, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повика сите Македонците во Република Албанија „да се изјаснат она што се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет”. Од 18 септември до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домувањето, согласно ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова
Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Република Албанија, заедно со бугарски универзитетски професори и академици, во пресрет на пописот на населението во Република Албанија. Програмата на акцијата “Бугари во Албанија“ предвидува отворање на “неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, потоа во Тирана ќе ја промовира книгата на Спас Тошев “Бугарите ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), што ќе се одржи во Печ, Унгарија од 7 до 10 септември 2023 година. Присутни се околу 200 учесници од 26 земји и 50 организации членки на ФУЕН ќе разменат мислења за актуелните случувања во политиката на малцинствата. Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden