Tag Archives: Македонци во Албанија

Репортажа на мкд.мк за Македонците во Албанија

Разгоропадена помеѓу Националниот парк „Преспа парк“ и Преспанското езеро општина Пустец  е најмала општина во Албанија со 5300 жители населена со етнички Македонци. Можеби не живеат во материјално изобилие ама горди се на својот чесен и достоинствен живот. А за живот не им треба многу. Само сакаат да имаат исти услови за развој како и сите други. И уште нешто. Нивната Македонија ...

Read More »

Сајкоски во посета на Македонците во Албанија: Разговаравме за положбата и правата на Македонците, за националната посебност и поголема прекугранична соработка

Денес остваривме средба со Македонците во Мала Преспа, Пустец. На средбата разговаравме за положбата и правата на Македонците во Република Албанија, за негувањето и афирмацијата на македонската посебност и македонскиот национален дух, за поголема прекугранична соработка за која цел сме во план за отворање на задграничен комитет, информира Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Република Македонија и Република Албанија негуваат и градат ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на европратеникот Ковачев за преставување на Македонците во областа Гора како Бугари

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во Гора како бугарско. Имено, во својство на европратеник, при неговата посета на Република Албанија на 23. 06. 2023 година, Ковачев објави дека се сретнал со бугарска заедници во регионот Гора“. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското национално ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција со осуда на обидите европратеникот Ковачев за преставување на Македонците во Гора како Бугари

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), реагираше во врска на посетата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на областа Гора, кој, како што беше објавено, „бил во посета на Бугарите“. Во реакцијата на МАЕИ се осудува однесувањето на европратеникот Ковачев и бугарскиот амбасадор во Албанија, кои заедно со други дипломати од Бугарската амбасада во Тирана, давајќи лажни ветувања за помош од ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој преставниц во рамки на проектот “Иднината е во потеклото”

Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана учествуваше на активност во рамки на проектот „Иднината е во потеклото”, поддржан од Комитетот за национални малцинства при владата на Република Албанија. На настанот организиран од припадниците на грчкото малцинство, кој се одржа на фармата Фустанела-Петрела, претставниците на малцинствата се претставија со традиционална храна и носии. Македонското национално малциство се претстави со Македонско друштво “Сонце” ...

Read More »

Стерјовски: Kомитетот за националните малцинства тело подложнo на политичко мешање и штетно на дијалогот меѓу владата и малцинствата

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски учестуваше на консултативна средба организирано од Kомитетот за националните малцинства во Тирана со преставниците на малцинствата во Албанија каде се разговараше за драфтот на Стратешкиот план за работа на Комитетот за периодот од 2023 до 2026 година. Во моето излагање во име на македонската заедница во Албанија меѓу другото истакнав дека ...

Read More »

Македонците во Албанија го прославија Свети Јован Владимир (ФОТО)

Во селото Шиjон, во Елбасан секоја година на 3 – 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Свети Јован Бладимир. Светиот великомаченик Јован Владимир, зетот на царот Самоил за ќерка му Косара се здобил со силен култ во западна Македонија. На иконите ...

Read More »

Васил Стерјовски предупредува: “ Бугарите се во поход за асимилација на Македонците!“

Претседателот на Македонска алијанса зa европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски предупредува на нов бугарски поход за асимилација на Македонците во Мала Преспа. Македонците од Албанија, вели тој, низ историјата поминале низ многу премрежија, но опстанале. Пред 20 години во Преспа имавме наезда на сектата Јеховини сведоци, кои сакајќи да ја искористат економската ситуација, не избираа средства да ја сменат верата ...

Read More »

Оддадена почит на Спасе Мазенковски, еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија

Општина Пустец на петгодишнината од смртта му оддаде почит на Спасе Мазенковски, големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Република Албанија. На настанот одржан во салата на Советот на општината присуствуваа неговио син Владимир и ќерката Елеонора, негови сограѓани, колеги, претставници на локалната власт, на македонската партија МАЕИ, како и ...

Read More »