Tag Archives: Македонци во Албанија

Македонците во Пустец го одбележаа патронот на црквата и нивен заштитник „Свети Архангел и Михаил“ 

Македонците во Пустец, Мала Преспа, вчера го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел и Михаил“,празник кој го чествуваат и како нивен заштитник. На голем број семејства овој ден им е домашна слава. Во црквата, која се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот „Гоце Делчев“, утринската свечена богослужба ја отслужи свештенкот Алексо Темелко. Со Македонците беше и Васил Стерјовски, лидер ...

Read More »

Дебата од серијалот “Дијаспората за Македонцките Работи”- 6та Епизода (ВИДЕО)

Шеста епизода од серијалот дебати “Дијаспората за Македонцките Работи“ во организација на “Македонски Национален Совет“ и “Ние Сме Македонија“. Низ повеќе епизоди, ја отвораме темата за македонската дијаспора: за предизвиците и проблемите со кои се соочува македонското иселеништво и македонското национално малцинство (МНМ), за нефункционалноста на македонската дипломатија во однос на иселениците и МНМ, за незаинтересираноста на македонските институции за ...

Read More »

Албанскиот парламент го усвои буџетот за 2021 година, не поминаа предлозите на пратеникот Стерјовски за Пустец, Голо Брдо и Гора

Со 84 гласа „за“, 14 против и еден воздржан, албанскиот Парламент го усвои буџетот за 2021 година, што ќе тежи над четири милијарди евра. Буџетот главно е насочен кон економското закрепнување на земјата по двете природни катастрофи, земјотресот од 26 ноември 2019 година и пандемијата предизвикана од Ковид-19. Економскиот раст е проектиран на 5,5 проценти во 2021 година и 4,8 ...

Read More »

Општина Булќиза ја подобрува каналската мрежа за наводнување во областа Голо Брдо (ФОТО)

Следната земјоделска сезона ќе биде многу полесна за жителите на селата Тучеп, Владимерица, Пасинки, Миреш, Тoрбач, Черенец, Голевиш и Вишишта, каналската мрежа за наводнување е од витално значење за Македонците во областа Голо Брдо. Општина Булќиза ќе изгради канал за наводнување од село Тучеп до село Черенц долг 19 километри. “Се надеваме дека во рок од 1 година, овој канал со должина од ...

Read More »

Стерјовски: Пустец единствена општина за која албанската влада со буџетот за 2021не планира никаква инвестиција 

На денешната пленарна седница на албанскиот парламент,на која на дневен ред е Нацрт-буџетот за 2021 година, пратеникот Васил Стерјовски, од Македонска алјанса за европска интеграција, стави остра забелешка што со буџетот не е предвидена инвстиција во општина Пустец, Со жалење забележувам дека во Нацрт – буџетот за 2021 година, единствена општина во која не се планира да се инвестира е ...

Read More »

Стерјовски учестуваше на отварањето на Акдемијата за човекови права и малцинствата во Корча

Секогаш се вистинско задоволство учествата на Акдемијата за човекови права и малцинствата, која што од 2012 година непрекинато ја организира Албанската група за човекови права со подршка на ОБСЕ. Првите години учествував како учесник од македонската заедница во Албанија, после имам учествувано како предавач за правата на малцинствата во Албанија, за да денеска учествувам како пратеник во албанското Собрание. – ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана oтпечати двојазичен едукативен флаери за Ковид-19

Едукативниот материјал е отпечатен на македонски и албански јазик,со цел да биде достапен до сите граѓани. Тоа со цел подигање на свеста за заштита на нивното здравје, на нивните најблиски, соседите, пријателите. Невидливиот непријател зема замав затоа неопходно е поголема внимателност за да се спречи поголема катастрофа,- изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Друштвото упатува апел до сите ...

Read More »

Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колевски одржа состанок на Комисијата за цивилна заштита

Градоначалникот на општина Пустец, областа Мала Преспа, Пали Колевски, денеска во Општина Пустец се одржа состанок на Комисијата за цивилна заштита, со цел да се преземат потребните технички и организациски мерки за справување со вонредни ситуации што можат да се појават во текот на зимскиот период во областа Мала Преспа и обврските што произлегуваат од законот 45/2019 „За цивилна заштита“. ...

Read More »