Tag Archives: Македонци во Албанија

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија 

Православниот празник Богојавлние-Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија. Во Мала Преспа традиционално сите села фрлаат крст во Преспанското Езеро. Со Македонците во Горна Горица,едно од деветте села во областа, беше Васил Стерјовски, лидер на македонската партија,македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и пратеник во ...

Read More »

Изборна конференција на регионалниот комитет Преспа на МАЕИ (ФОТО)

Во Долна Горица, општина Пустец се одржа Изборната конференција на регионалниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција за делот на Преспа. На Изборната конференција присуствуваа: Сашко Ташулов, вршител на должноста амбасадор на Република Македонија во Република Албанија; Ристо Никовски поранешен амбасадор на Република Македонија во Република Албанија; Бојан Маричиќ; национален координатор за интеграција во Европската Унија во Владата на ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Водици

Македонското друштво „Илинден“- Тирана и огранокот за Голо Брдо, од името на сите Македонци во Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се ...

Read More »

Македонците во Албанија ја одбележаа Свети.Василиј – Василица

Македонците во Албанија го прославија празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година,според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција. Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и ...

Read More »

Честитка по повод Св.Василиј – Василица и Стара нова година од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Св.Василиј – Василица и Стара Нова година 2020 година со желба за многу лични успеси и бериќетна година! –стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »

ВМРО–ДПМНЕ им го честита изборот на Едмонд Османи и на Алтин Тола за админстратори на Требиште и Острени

ВМРО–ДПМНЕ го поздравува изборот на двајцата Македонци, Едмонд Османи и Алтин Тола за администратори на административните единици Требиште (6 села), односно Острени (12 села), во областа Голо Брдо, Албанија. При тоа  искажува убеденост дека тие успешно и посветено ќе ја извршуваат оваа многу значајна функција. ВМРО–ДПМНЕ  искажува целосна поддршка и подадена рака за соработка со Едмонд Османи и Алтин Тола ...

Read More »

Македонското друштво „Илинден“-Тирана им го честиташе изборот на Османи и на Тола за админстратори на Требиште и Острени 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана од името на Македонците во Албанија го поздрави изборот на двајцата Македонци,Едмонд Османи и Алтин Тола за амдинистратори на административните единици Требиште, односно Острени, областа Голо Брдо. При тоа се искажува убеденост дека тие „доследно,одговорно и со успех“ ќе ја извршуваат оваа многу значајна функција. Дозволете ми во мое и во име на македонското друштво „Илинден“, но, ...

Read More »

Алтин Тола назначен за администратор на админстративната единица Острени областа Голо Брдо

Алтин Тола, Македонец од село Накамен што се ноаѓа меѓу село Мало Острени (Малестрени) и Големо Острени областа Голо Брдо е назначен за администратор на админстративната единица Острени, областа Голо Брдо. Наименуван е со решение на градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала. Административната единица Острени всушност е некогашната општина Острени, која беше укината со законот за територијална поделба, опфаќа дванаесет ...

Read More »

Едмонд Османи назначен за администратор на админстративната единица Требиште област Голо Брдо

Едмонд Османи, познат активист за правата на Македонците во Албанија и потпретседател на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, е назначен за администратор на админстративната единица Требиште, областa Голо Брдо. Наименуван е со решение на градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала. Административната единица Требиште всушност е некогашната општина Требиште, која беше укината со законот за територијална поделба, ...

Read More »