Tag Archives: Македонци во Албанија

Адеми: Делата на Стерјо Спасе мост помеѓу Албанија и Македонија

Министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми во село Глобочани, Општина Пустец Мала Преспа присуствуваше на одбеле​жувањето на 105-годишнината од раѓањето на познатиот писател Стерјо Спасе. Стерjо Спасе е пример за сите нас кои живееме на Балканот. Фигурата на Спасе треба да биде пример за сите нас, за тоа дека соработката на културите е неопходна, секогаш тргнувајќи од гледиштето ...

Read More »

Годишната Македонска средба во село Церје областа Мала Преспа ќе се одржи на 27 – 28 август 2019

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Мала Преспа и од цела Албанија да учестуват на големиот собир за одбележување разникот Св.Богородица на 27 – 28 август 2019 во село Церје, областа  Мала Преспа и се одбележуват 100 години од изградбата на Црквата Св.Богородица. Ќе има програма збогатена со македонски песни и ора. Сите сте добредојдени!

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Македонско друштво „Илинден“- Тирана и разгранокот на друштвото за Голо Брдо по повод Илинден упатија честика до сите Македонци.  Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, татковина Македонија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите Македоници. Да го ...

Read More »

Истражувачи од Русија во посета кај Македонците во Врбник (ФОТО)

Истражувачите од Руската академија на науките, Александра Дугушина (Музеј за Антропологија и Етнографија „Кунсткамера„, Санкт Петербург) и Максим Макарцев (Институт за славистика, Москва) беа на посета на село Врбник, Општина Билишта. Цел на истражувачите беше да се запознаат со дијалектот, а исто така со фолклорот, празниците, сватбите и други обичаи на македонското национално малцинство кое живее во Врбник. Во срдечна ...

Read More »

Силвана Сотир претседател на новиот советот на општина Пустец

Денеска конституран е новиот Совет на општина Пустец, кој произлезе од изборите спроведени на 30 јуни. За претседател на советот беше избрана Силвана Сотир, дипломиран социолог, од редовите на Социјал демократската партија, која беше дел од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“ предводена од Социјалистичката партија. Во општнскиот совет, кој брои 15 членови, 11 советници се од споменатата изборна коалиција, ...

Read More »

Пали Колефски и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Пустец (ФОТО)

Новоизбраниот градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа, Пали Колефски, денеска и официјално го започна четиригодишниот мандат. Уверението за неговиот избор му го предаде Дори Спиролари, префект на околијата Корча. Најпрво сакам да упатам благодарност до жителите на општина Пустец кои ми ја дадоа довербата,но сакам да нагласам дека новата функција за мене значи обврска кон сите жители, независно дали го ...

Read More »

Македонците од Албанија денеска традиционално ја слават Света Огнена Марина во Мала Преспа (ВИДЕО)

Македонците од областа Мала Преспа го одбележаа патронот на манастриот „Света Марина“ во селото Туминец. По повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена- Огнена Марија, по традиција во Туминец беа не не само жители од селата на Мала Преспа, туку и од подрачјето на Корча. За овој празник тука секогаш се и поголемот број од поранешните жители ...

Read More »