Tag Archives: македонци во бугарија

Историска тужба против Европската комисија – Не ги штити правата на Македонците во Бугарија

Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград (Горна Џумаја) поднесе тужба против Европската Комисија пред Судот на Правдата во Луксембург, за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити европското право на асоцијација и здружување. Тужбата е поттикната и организирана од НовАсном, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Симон ...

Read More »

ОН: Бугарија да ги заштити правата на македонското национално малцинство

Постои загриженост поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи во Бугарија им е забрането правото на собир и здружување, се вели во новиот извештај на Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, кој излезе во пресрет на одбележувањето на 75 години од декларацијата за човекови права на ОН, пренесува Гласот на Америка. ...

Read More »

Задолжително реципроцитет во однос на признавањето на малцинствата

Интервју со Иван Сингартијски, копретседател на ОМО “Илинден”-Пирин Македонците, без разлика на местото на раѓање, живеење или работење, се составен и нераскинлив дел од македонскиот народ. Оттука, Македонија како заеднички именител и обединувачки елемент на македонскиот национален супстрат има обврска да се грижи за сите Македонци. И обратно! Македонците од Бугарија, Србија, Грција и од Албанија, како и многубројната македонска ...

Read More »

Фотографии од одбележувањето на 20 години од Илинденското востание во Софија

Фотографии од весници во Бугарија го покажуваат одблежувањето на 20 годишнината од Илинденското востание во Софија. Таа 1923 година во главниот град на Бугарија се собрале илјадници Македонци да им оддадат чест на Илинденците и на водачот Гоце Делчев кој бил убиен неколку месеци пред кревањето на востанието. Интересно е што тогаш бугарските медиуми никаде не пишуваат дека тоа е ...

Read More »

Почина Стојан Николов Георгиев, борец за човековите права, почесен претседател на ОМО „Илинден“-Пирин

На 5 јули вечерта си замина големиот наш пријател, соборец, Македонец и страдалник Стојан Георгиев, објавија од ОМО „Илинден“-Пирин. Роден во 1938 година во Петрич, Пиринска Македонија, а на 18 години, со незавршено средно образование создава македонска група. Откриен и инквизиран 18 дена во келиите на државна безбедност, сепак е ослободен за да го заврши своето образование. Во 1957 година ...

Read More »

Министерот за правда и пиша на меѓународната заедница дека Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП

Министерот за правда Кренар Лога испрати дописи до Амбасадата на САД во Македонија, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ и Програмската канцеларија на Советот на Европа со кои ги информира за неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Бугарија. Во дописот, што е испратен заедно со 14-те пресуди, информираа од Министерството за правда, посочено е ...

Read More »

Македонија ќе бара од Бугарија да ги спроведе пресудите на судот за човекови права во Стразбур

Министерството за правда на Бугарија да одговори зошто досега не се спроведени пресудите за човекови права од судот во Стразбур кој што досега 14 пати и наложи на офицјална Софија да дозволи регистрирање на македонското здружение Омо “Илинден”- Пирин. Ова според информациите на ТВ 24 е планот на првиот човек на правда Кренар Лога, по средбата со копретседателот на здружението ...

Read More »

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград ќе поднесе жалба по одбивањето да се регистрира здружението

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ извести дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение. „Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот“, се вели во пораката дистрибуирана до медиумите и потпишана од Атанас Мазнев. „Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на ...

Read More »

Здруженија на Македонците во Бугарија со претставка до ЕК против Бугарија

Здружението НовАСном од Македонија и забранетото македонско здружение во Бугарија поднесоа претставка во Европската Комисија против Република Бугарија, откако со одлука на врховниот суд, здружението беше ликвидирано, а по отворање на клубот „Никола Вапцаров“. Заеднички на прес конференција ќе ја образложат претставката, со која ќе го бранат затвореното здружение – Македонски клуб за етничка толеранција, кое имаше неизвесна судбина уште ...

Read More »

Европратениците повторно ќе расправаат за нерегистрираните здруженија на Македонците во Бугарија

На јануарската сесија на Парламентарното заседание на Советот на Европа, европските пратеници повторно ќе расправаат за прашањето за регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија, дознава МКД.мк. Ова следува по последната конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) против Бугарија од 28 мај 2020 година, во врска со одбивањето на државата да го регистрира здружението „Македонски клуб за ...

Read More »