Tag Archives: Охридското езеро

„Time Out“ го прогласи Охридското Езеро за најубаво место во Европа

Охридското Езеро е прогласено за најубаво место во Европа во изборот на магазинот „Time Out“, оставајќи зад себе низа познати туристички дестинации од континентот, меѓу кои Сатурнија во Италија, Алберобело во регионот Пуља и норвешките фјордови. Во годишниот избор на најубави европски локации, магазинот не се водел според популарноста на дестинациите, туку според личните препораки на својата мрежа од уредници и ...

Read More »

Во Поградец се порибуваше Охридското езеро со 2 милиони единки на охридска пастрмка

Околу 2 милиони млади единки од охридската пастрмка, беа пуштени во Охридското езеро кај Поградец, во рамките на напорите за збогатување на водниот фонд и заштита на овој ендемски вид, од особено значење за екосистемот и економијата на регионот. Пуштањето на младиот подмладок се одржа во денот кога во Поградец се организира Фестивалот на коранот (охридската пастрмка) манифестација која веќе прерасна во ...

Read More »

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка

Фото: Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки ...

Read More »

Нуркачи од регионот викендот го чистеа дното на Охридското Езеро

Фото:Diving Center Amfora Овој викенд во водите на Охридското Езеро, со централна локација во Автокамп Градиште, успешно се реализираше голема регионална еколошка акција за чистење на подводниот свет, во организација на Нуркачкиот Центар Амфора. Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните ...

Read More »

Охридското езеро прогласено за најубаво место во Европа

Охридското Езеро е прогласено за најубаво место во Европа со порака дека станува збор за „Комо кое можеш финансиски да си го дозволиш“, пишуваат туристичките новинари на timeout.com, Додека италијанското езеро Комо привлекува и премиум посетители и толпи туристи, Охридското Езеро – едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа – нуди потивка, поприфатлива алтернатива без да штеди на пејзажот. Замислете ...

Read More »

Во Поградец се порибуваше Охридското езеро со 200 илјади по више единки на охридска пастрмка (ВИДЕО)

Во празнична атмосфера и со учество на локалната заедница, втора година по ред се одржа „Прослава на охридска пастрмка“  организирана од Општина Поградец, која има за цел да го промовира туризмот, да го заштити езерскиот екосистем и природното наследство на градот. Префектот на округот Корча, Нертил Јоле, рече дека „главниот елемент на активноста беше пуштањето на 200 илјади семиња од ...

Read More »

Трипуновски: По 6 години застој се порибува Охридското езеро со околу милион единки на охридска пастрмка

„Денеска се наоѓам во Хидробиолошкиот завод – Охрид, поводот е порибување на Охридското езеро согласно договорот кој го склучивме во Министерството со Хидробиолошкиот завод – Охрид и Институтот за сточарство и рибарство согласно Програмата од 2024 година”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Обврската е да се пориби Охридското езеро со минимум 400.000 единки охридска пастрмка кои се одгледани во Хидробиолошкиот ...

Read More »

Почна проектот „Лин 3, подводни археолошки ископувања“ со албанско-швајцарскиот тим во село Лин дел од Охридското Езеро (ФОТО)

Дрвените остатоци од куќите откриени во водата датираат од околу 6000 до 5800 година п.н.е. Првите резултати и датирање на археолошкиот материјал спроведени на Универзитетот во Берн во Швајцарија со поддршка на Универзитетот во Оксфорд во Англија, ја наведуваат палафитската населба „Лин 3“ како најстара населба од оваа типологија во Европа. Во текот на оваа сезона, археолозите ќе се фокусираат ...

Read More »

Мирните води на село Лин дел од Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа 

Археолошките истражувања биле во рамките на регионалниот проект EXPLO, а еден од најважните резултати на проектот е што населбите на крајбрежјето на езерото во регионот се многу постари отколку што очекувале. Првите активности во рамките на проектот биле со партнери од нашата земја, а тесно соработуваат и со грчката страна од EXPLO. Од 2018 година почнале првите контакти со археолозите ...

Read More »

Намален водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро

Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 1,8 метри понизок од просечниот и е на само два сантиметра до апсолутно измерениот минимален водостој забележан на 15 ноември 2022 година. Нивоата, пак, на Охридското и на Дојранското езеро се повисоки од просекот за овој период од годината и тоа за ...

Read More »