Tag Archives: Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски најави нов модерен Луна Парк и целосна обнова на Зоолошката градина во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави изградба на нов, модерен Луна Парк и целосна реконструкција на Зоолошката градина, како дел од неговата визија за враќање на радоста и современиот дух во главниот град. „Скопје мора повторно да стане град во кој детството има свое место, своја радост и свој дом,“ изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека по ...

Read More »

Ѓорѓиевски се приклучи на маршот за подигање на свеста за ракот на дојка

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес учествуваше на марш организиран од Унијата на жени од Скопје, посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Октомври, месецот на розовата лента, служи како потсетник за важноста на редовните прегледи и превенцијата, кои можат да спасат животи. Ѓорѓиевски истакна дека „розовиот октомври“ е симбол на борбата против најчестиот карцином кај ...

Read More »

Ѓорѓиевски: Скопје ќе го вратиме како град на култура, дух и современ урбан идентитет

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во рамки на својата програма го претстави столбот „Скопје – град на слоеви, град на култура“, посветен на обновата и ревитализацијата на културното наследство на главниот град. „Скопје е град со историја, карактер и душа. Град што многупати бил погоден, но секогаш се издигнувал и продолжувал напред. Денес, кога зборуваме за иднината ...

Read More »

Ѓорѓиевски: Бабин Дол конечно добива функционална фекална мрежа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во градежните активности за поставување на новата фекална канализација во местото Бабин Дол, во населбата Припор. Проектот, долг 1.130 метри, е еден од најзначајните инфраструктурни зафати што жителите го очекуваат со децении. „Со реализацијата на овој проект, жителите на Бабин Дол конечно ќе добијат функционален фекален систем, а ќе ...

Read More »

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница под „Лимак“

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во центарот на градот го најави еден од најголемите инфраструктурни проекти – изградбата на првата подземна сообраќајница под комплексот „Лимак“, како дел од првата фаза на булевар „Македонија“. „Овој проект не е само дел од мојата програма, туку вистински пресврт за централното градско подрачје. Се работи за клучен проект што ќе ...

Read More »

Култура, спорт и социјални мерки планови за Шуто Оризари од кандидатот Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја посети општината Шуто Оризари, каде што ги претстави клучните проекти што се дел од неговата визија за рамномерно и современо развиен главен град. Ѓорѓиевски најави изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“, кој ќе биде изграден на местото на старото матично. Новиот објект, како што посочи, ќе стане центар на културниот ...

Read More »

Ѓорѓиевски најави голем инфраструктурен бран во Бутел – кружен тек, нови улици и мега парк

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави низа капитални проекти за Општина Бутел, меѓу кои изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, пробивање на нови улици и формирање на модерен мега парк. Кружниот тек е дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје, со цел зголемена безбедност и ред ...

Read More »

Ѓорѓиевски најавува мега парк кај Лепенец и серија инфраструктурни проекти во Карпош

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави почеток на големи урбанистички и еколошки проекти во општина Карпош, вклучувајќи го изградбата на Мега парк – Лепенец. Според неговите најави, новиот парк ќе се протега по течението на реката Лепенец, на потегот меѓу Бардовци и Даме Груев, со вкупна површина од над 300.000 квадратни метри, и ќе биде првиот мегапарк ...

Read More »

Ѓорѓиевски најавува кружен тек и модерни улици за подобар сообраќај во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави низа капитални проекти кои ќе ја трансформираат инфраструктурата во општина Ѓорче Петров и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Главниот проект е изградбата на модерен кружен тек на крстосницата меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот „Македонска војска“. Според Ѓорѓиевски, овој кружен тек ќе ја зголеми безбедноста, ќе го растовари сообраќајот ...

Read More »

Ѓорѓиевски: Сарај и Матка ќе станат гордост на Скопје со нови проекти и одржлив развој

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Сарај, каде што најави повеќе инфраструктурни и развојни проекти насочени кон унапредување на локалната заедница и туристичкиот локалитет Матка. „Сарај нема повеќе да биде заборавена општина. Ќе ги вложиме сите сили за нејзино целосно заживување и развој,“ истакна Ѓорѓиевски, најавувајќи изградба на монтажен паркинг кај Матка ...

Read More »