Tag Archives: православие

Албанија ќе и врати на Македонија незаконски изнесени икони

Незаконски изнесени икони од Македонија кои завршиле во Албанија ќе бидат вратени согласно Закон за ратификација на договор меѓу двете земји. На денешната седница Владата го усвои овој предлог закон, кој треба уште да ги помине собраниските процедури. Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, исклучително вредното културно наследство, за кое што претходно се договорија Македонија ...

Read More »

Албанија ќе врати 21 икона кои беа украдени пред 9 години од Македонија

Украдените икони од струшко пронајдени во Албанија по девет години се враќаат во земјава. Заврши процесот на реституција со кој 21 вредна икона и црковни артефакти однесени при кражби до крајот на годинава ќе бидат вратени во црквите во селата Радожда, Буринец и Селце. Албанската полиција ги пронајде во Тирана во 2013 и оттогаш се чуваа на безбедно во два ...

Read More »

Света Марена се одбележа и во областа Шпат, Елбасанска Митрополија

Денес во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска Митрополија со радост се празнуваше Света Марена според стариот црковен календар Јулијанскиот календар во црквата посветена на Света Марена во Фуше Корез, кај планината Буканик во областа  Шпат. На литургиата присуствуваше и Митрополитот Андон заедно со свештенството отец Јани Ранџа, отец Сотир Точи и ѓаконот Андреа Ранџа. Верниците од околината и децата на ...

Read More »

Националниот историски музеј од Тирана ги предаде светите мошти на Јован Владимир во манастирот во Елбасан 

Денеска во Елбасан се одржа церемонија и положување на моштите на Св. Јован Владимир во истоимениот манастир кој го носи името на светецот. Моштите досега се чуваа во Националниот историски музејски фонд во Тирана и по долгогодишно барање на Албанската православна автокефална црква денеска беа предадени на манастирот.  На церемонијата беше присутен премиерот Еди Рама и министерката за култура, Елва Маргарити и Неговото Преосвештенство Андони, митрополит на Елбасан, Шпат и Либражд.   „Дојдовме да завршиме процес на обврска кој заедно го започнавме многу одамна, и ...

Read More »

Делегација од Бигорски, Рајчица и Пречиста на средба со митрополитот г. Тимотеј

По двајца претставници на бигорското монашко братство и на сестринствата од Манастирите Рајчица и Пречиста, со благослов на нашиот старец, Епископот Антаниски г. Партениј, денеска остварија средба со почитуваниот надлежен архиереј на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, во неговото митрополитско седиште крај Плаошник во Охрид. Монасите и монахињите беа срдечно пречекани и примени од нашиот монахољубив Митрополит. Поводот, пак, ...

Read More »

Во Египет откриени христијански урнатини кои ја потврдуваат „природата на монашкиот живот“

Француско-норвешки археолошки тим откри нови христијански урнатини во пустина во западниот дел на Египет, со што се потврдува дека постоел монашки живот во регионот во петтиот век од нашата ера, соопшти египетското министерство за антиквитети. „Француско-норвешката мисија за време на своето трето ископување на локалитетот Тал Гануб Каср ал-Aгуз во оазата Бахарија откри неколку градби направени од базалт и од тули ...

Read More »

Православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил

Православните христијани,  на 21 ноември го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави. Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите ...

Read More »

Православните христијани денеска ја празнуваат Св. Преподобна Параскева – Св. Петка

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка). Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што во народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со Петка Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 октомври. Името го добиле поради тоа што се ...

Read More »

Бигорскиот манастир “Свети Јован Крстител“ денес одбележа 1000 години од неговото основање во 1020 година

Достоинствено, како што му доликува на милениумскиот јубилеј, денеска Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето. По пречекот на претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на прославата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, од Епископот Антаниски г. Партениј и традицинална мијачка гарда, беше отслужена Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот г. г. Стефан, ...

Read More »