Tag Archives: Струга

КУД „Илинден“ од Струга одбележува 35 години постоење

Со целовечерен концерт во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга културно уметничкото друштво „Илинден“ вечер ќе го прослави јубилејот 35 години постоење. Во рамки на одбележувањето на јубилејот минатата недела одржаа ревија на народни носии, каде беа презентирани сите носии што ги имало друштвото во изминатиот период. КУД „Илинден“ од Струга ја негува традицијата и на свој, оригинален начин ...

Read More »

Ракометниот Клуб Енхалон е против промена на уставното име на Република Македонија

Како спортска институција која работи во Општина Струга, Република Македонија чуствуваме морална и етичка одговорност кон сите генерации на спортисти кои тренираат во Ракометниот Клуб Енхалон-Струга и сите граѓани на Република Македонија кој се за зачувување на унитарноста,интегритетот и суверенитетот на Република Македонија ! Како Ракометен Клуб и институција која работа во областа на спортот,најостро ги осудуваме преговорите помеѓу нашиот ...

Read More »

Традиционално на 7 мај ќе се одржи струшка литија (Еордија)

Со особена радост ве известуваме дека торжествената струшка литија (Еордија) со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона, оваа година ќе биде збогатена и со благословот на Сепречистата Владичица наша Богородица, преку нејзината чудотворна икона Крнинска, од Манастирот Пречиста Кичевска, носена од четворица кичевчани. Традиционално, и овој пат, во храмот на Великомаченикот во Струга, на 07 мај, понеделник, со ...

Read More »

Седумстотини и педесет години од сликањето на иконата „Св. Ѓорѓи“ во Струга

Со свечена архијерејска богослужба в недела (24 декември) во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга свечено ќе се одбележат 750 години од сликањето на иконата на св. Ѓорѓи (1267-2017 г.), патронот и заштитник на црквата и на градот Струга. Иконата на св. Ѓорѓи ѝ припаѓа на групата од неколкуте најстари икони во Македонија и поседува особено културно-историско значење и високи стилско-ликовни ...

Read More »

Џудо Клуб Дрим-Струга се врати со 5 медали од БиХ

Од 06 до 08 октомври,Џудо Клуб Дрим-Струга настапи на нај масовниот меѓународен натпревар во Европа,Џудо Борса Опен Мостар,Босна и Херцеговина. На овој натпревар учество зедоа 32 земји, повеќе од 100 клубови и 1375 натпреварувачи, што го прави овој натпревар меѓу најквалитетните во Европа. Џудо Клуб Дрим-Струга, се претстави со 7 натпреварувачи и освои 5 медали, 2 сребрени и 3 бронзени,што ...

Read More »

Почнаа 56. Струшки вечери на поезијата

Со традиционално садење дрво и со поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“ – Чарлс Симиќ, вечерва почнаа 56. Струшки вечери на поезијата. По официјалното отворање што го означи министерот за култура Роберт Алаѓозовски, меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“ го почна годинашниот лауреат Симиќ со „Месарница“. Настапи и  Иван Џепароски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година. Неруда, Гинзберг, ...

Read More »

Протерани 11 Албански државјани нелегален престој кои живееле на депонијата во Струга

Струшката полиција протера 11 државјани на Албанија, кои престојувале во импровизирани живеалишта кај депонијата во Струга, а постои и можност да се поврзани со пожарот, информираа од Секторот за внатрешни работи Охрид. На 25-ти овој месец, полициските службеници ги затекнаа единаесетте албански државјани на депонијата во Струга каде имале направено импровизирани живеалишта и од каде собирале пластичен отпад. Истиот ден, ...

Read More »

Заеднички македонско-албански полициски патроли во Струга

Полициите од Република Македонија и Република Албанија, денеска, во полициската станица во Струга, официјално, на пригодна свеченост, ќе бидат промовирани заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од Министерствата за внатрешни работи на двете земји.   Од друга страна,  децении и децении се најавува бродска линија од Охрид до Поградец, на албанската страна на Охридското Езеро.Пред неколку дена, на истата ...

Read More »

Земјотрес од 3,7 степени по Рихтер почувствуван во Охрид и во Ресен

  Земјотрес со јачина 3.7 степени по Рихтер го погоди охридскиот регион. Потресот најмногу го почувствуваа жителите на Охрид и Ресен, во 15.10 минути. Епицентарот бил на 6 километри од Ресен и 8 километри од Јанковец. Земјотресот бил краток и силен, на три километри длабочина, а го почувствувале жителите на Ресен, Охрид и Струга. Засега нема информации за жртви или материјална штета, граѓаните ...

Read More »