Tag Archives: Тимчо Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски во Охрид го пречека министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Игли Хасани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски вечерва во Охрид го пречека министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, присутен беше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Денеска и утре сум домаќин на шефот на албанската дипломатија, Игли Хасани, во рамки на неговата дводневна работна посета на Македонија. Средбата е потврда за одличните ...

Read More »

Муцунски во Будимпешта: Нашиот јазик, идентитет и културно-историски континуитет не може да бидат предмет на преговори

„Нашиот јазик, идентитет и културно-историски континуитет не можат да бидат предмет на преговори. Тие се душата на нашата нација. Посветени сме на интеграцијата, но подеднакво и на одбраната на нашето достоинство и правото да бидеме тоа што сме — без услови, без извинување, без бришење.“ Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кои утрово се ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Денион Мејдани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Н.Е. Денион Мејдани. Во фокусот на разговорот беше значењето на интеграцијата на регионот во Европската унија, при што беше нагласено дека успешно заокружување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе придонесе за понатамошен развој, стабилност и ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Рубио

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио. Двајцата соговорници ја потврдија извонредната соработка меѓу двете држави, која е заснована на заеднички вредности, политички интереси и долгогодишно пријателство. Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на македонската влада кон унапредување на политичкиот дијалог со САД, како ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски во посета на германската покраина Рајна – Вестфалија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски вчера и денес престојува во работна посета на германската покраина Рајна – Вестфалија. Во рамки на посетата, министерот оствари средба со својот домаќин, министерот за сојузни, европски, меѓународни работи и медиуми и шеф на државната канцеларија на покраината, Натанаел Лимински, како и со државниот секретар Марк Шпајх. Во фокусот ...

Read More »

Муцунски освари средба со заменик-претседателот на Владата за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ибрахимовиќ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски беше домаќин на заменик-претседателот на Владата за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ. На средбата, двајцата министри се согласија дека посетата претставува потврда за одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји, засновани на заемна поддршка и почитување. Министрите изразија задоволство од нивото ...

Read More »

Муцунски на Делфи Економскиот Форум во Грција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува во Грција, каде се обрати на панел-дискусија на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка?“ Во своето обраќање, министерот се осврна на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, важноста на регионалната соработка, стабилноста на регионот, стратешкото ...

Read More »

Mуцунски разговараше со Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија за забраните за влез во Грција

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски прими делегација на здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија предводена од координаторот на здруженијата Сотир Лукровски. На средбата со Македонците по потекло од Грција се разговараше за проблемите со кои се соочуваат при обидите за влез во грчката држава со цел посета на нивните корени и вековни огништа. ...

Read More »

Работен појадок на министерот Муцунски со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, одржа работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија во Република Македонија, вклучително и со амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас. Средбата беше дел од редовната пракса за размена на мислења со амбасадорите, со цел информирање за напредокот на реформите и ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Муцунски учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива во Тирана

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Тирана, кој се одржа во рамките на албанското претседавање со иницијативата. Фокусот на состанокот беше ставен на проширувањето на Европската Унија во светло на новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици ...

Read More »