Tag Archives: Црна Гора

Реафирмирана потребата од договор за заштита на правата на македонското и на црногорското малцинство во двете држави

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска во рамките на работната посета на Црна Гора, имаше средба со директоротот на црногорската Управа за дијаспора, Предраг Митровиќ. Адеми на средбата се заблагодари за севкупниот позитивен однос на државата Црна Гора кон македонското национално малциство, како и за соработката на надлежните црногорски институции со здруженијата кои ги обединуваат нашите граѓани. Го пренесе ...

Read More »

Протести во Црна Гора поради верскиот закон

Во неколку градови во Црна Гора и синоќа со мали инциденти беа одржани протести и блокади на сообраќајот по повод усвојувањето на Законот за слободата на вероисповедта. Полицијата пред црквата на Христовото воскреснување во Подгорица употребила солзавец, бидејќи насобраните не сакале да се разотидат. Во близина на аеродромот кај Подгорица била каменувана полициска патрола и притоа полесно биле повредени четворица ...

Read More »

Чудо во Црна Гора иконата на Богородица пушти солзи (ФОТО)

Копија од иконата на пеќската Богородица, сместена во храмот „Свети Јован“ во Бар, веќе подолго време мироточела, а синоќа, според фотографијата што кружи на социјалните медиуми, таа заплакала. Оригиналната икона на пеќската Богородица се наоѓа во Пеќската патријаршија и се смета за многу чудотворна на која луѓето со векови доаѓаат да ѝ се поклонат. Оваа света икона била во рацете ...

Read More »

Во Тирана состанок на иницијативата Јадранска повелба, А5

На состанокот присуствуваат министри или високи армиски претставници од Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, и Црна Гора. Во Тирана денеска се одржува состанок на министрите за одбрана или високи армиски претставници на земјите од Јадранската повелба, со која во 2019 година претседава Албанија. Министерката за добарана на земјата домаќин, Олта Џачка, на отворањето им посака добредојде на учесниците и ...

Read More »

Запленето големо количество оружје во Црна Гора

Црногорската полиција заплени големо количество оружје и муниција, средства за комуникација, автомобил и уапси пет лица. Полицијата изврши претрес на 22 места во Подгорица, Цетиње и Даниловград, каде е пронајдено оружјето. Против уапсените се поднесени кривични пријави и тие ќе бидат изведени пред обвинител. Конфискуваните предмети ќе бидат дадени за експертиза, соопшти Управата на црногорската полиција.

Read More »

Ѓукановиќ нема намера да поднесе оставка

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, порача дека нема намера да поднесе оставка по обвинувањата на бизнисменот Душко Кнежевиќ оценувајќи дека Кнежевиќ е недостоен противник, лажго и измамник кого го искористиле оние што сакаат да ја променат власта во земјата, пренесе РТЦГ. Ѓукановиќ смета дека аферата „Атлас“ има две цели – првата е избеганиот тајкун да се заштити од евидентни ...

Read More »

Mинистерот за надворешни работи на Црна Гора на посета на Република Македонија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, му беше домаќин на министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, кој престојува во работна посета на Република Македонија. МНР Дармановиќ ја рефирмираше поддршката од Црна Гора за евро-атлантските интеграции на Република Македонија. На пленарните разговори меѓу делегациите на Република Mакедонија и Црна Гора, предводени од Министрите за надворешни работи, беа разменети мислења за ...

Read More »

Фондот за Западен Балкан објави вториот Повик за регионални проекти

По успехот на првиот повик, Фондот за Западен Балкан го отвори вториот повик за предлози за регионални проекти. Фондот за Западен Балкан е првата сеопфатна и регионална организација во Западен Балкан. Извршниот директор на Фондот, Ѓерѓ Мура, за албанската телеграфска агенција изјави дека фондот на проектите во овој повик е 260 илјади евра. “Фондот за Западен Балкан со задоволство го ...

Read More »

Фондот за Западен Балкан слави прва година од основањето се спрема вториот повик за проекти

Фондот за Западен Балкан на 1-ви ноември ја прославува првата годишнина од отворањето на канцеларијата на Секретаријатот во Тирана. Фондот за Западен Балкан е првата сеопфатна и регионална организација во Западен Балкан. Во првата година Фондот во првиот повик за регионални проекти, привлекувајќи повеќе од 350 апликации, со повеќе од 1290 партнерства и 18 проекти, воспоставувајќи врски со 84 партнерски ...

Read More »

Началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Васко Ѓурчиновски учестуваше на дваесет и втората Конференција на началниците на ГШ на армиите на Јадранската повелба

  „Армијата на Република Македонија во досегашниот период со целосна посветеност придонесува во регионалната и меѓународна безбедност како да е полноправен член на НАТО Алијансата, што во целост ја отсликува стратегиската определба на Република Македонија за  целосно интегрирање во евроатланските структури“, истакна началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Васко Ѓурчиновски во своето излагање на дваесет и втора конференција  на началниците ...

Read More »