Tag Archives: земјотрес

Земјотрес во Албанија почувствуван и Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер регистриран е пополденво во 17:10 часот во Албанија, потресот бил на длабочина од два километра, а епицентарот е на шест километри од градот Елбасан. Потресот е почувствуван во Тирана, Прењас, Либраж и други делови на централна Албанија. Освен вознемиреност кај граѓаните нема информации за материјална штета. Претходните четири земјотреси се со јачина ...

Read More »

Земјотрес ја погоди Грција, потресот почувствуван и во Македонија

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5,4, утрово 12 минути по 9 часот бил почувствуван на територијата на Грција, објави Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот чиј епицентар, според регионалните медиуми, бил во близина на градовите Трикала и Лариса во централна Грција, бил почувствуван и на територијата на нашата земја и тоа во југозападните делови со интензитет од III ...

Read More »

Земјотрес со јачина од 5,3 степен ја погоди Албанија почувствува и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,2 степен ја погоди Албанија, пицентарот е на 38 километри од Тирана, а се почувствува во повеќе места и во Македонија. Деновиве во Албанија има серија земјотреси, но за среќа ниту еден не предизвика материјална штета , а нема ниту повредени.

Read More »

Земјотрес во Тирана

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер е почувствуван попладнево во Тирана. Силниот потрес ги исплаши жителите на албанскиот главен град кои веднаш ги напуштиле објектите во кои престојувале, епицентарот на земјотресот бил во Рогожина на длабочина од 5 километри. Засега нема  информации за евентуални материјални штети или повредени .

Read More »

Над 420 земјотреси за 24 часа во Албанија

  Последниве 24 часа Албанија ја погодија над 420 земјотреси од кои 20 беа посилни и граѓаните ги почувствуваа. Според Институтот за геолошки науки во Тирана, станува збор за афтершокови по вчерашниот земјотрес од 5 степени по Рихтер чиј епицентар беше во близината на Драч. Потресите се редовна појава и се резултат на судирот на Јадранската микроплоча која е дел ...

Read More »

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер утрово ја погодил Грција. Некои корисници на социјалните мрежи велат дека потресот се почувствувал и во Италија. Геолошки институт објави дека епицентарот бил на 70 километри југозападно од градот Каламата, на Пелопонез, на длабочина од 30 километри под површината на земјата. Грчките власти објавија дека јужниот дел на земјата бил погоден од ...

Read More »

Почувствуван земјотрес во Скопје

  Земјотрес од 2,8 степени според Рихтеровата скала беше почуствуван во Скопје и околината околу 21 часот и 30 минути. Според Европскиот сеизмолошки центар, потресот се случил на 6 километри источно од Скопје, на длабочина од 1 километар. Освен во Македонија, земјотресот бил почувствуван и во Србија и Косово.

Read More »

Серија земјотреси на Балканот

Серија земјотреси се регистрирани на Балканскиот полуостров, објави Европскиот сеизмолошки центар. Земјотрес со јачина од 4,4 степени по рихтер ја погоди Црна Гора во 13,05 по локално време. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 55 километри североисточно од Погорица, на длабочина од 5 километри. Нема информации за штети и повредени. Истовремено, земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ...

Read More »

Земјотрес од 7,3 степени во Перу

  Земјотрес со интезитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во југозападниот дел на Перу. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот бил на 124 километри југозападно од градот Пукујо. Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.

Read More »

Земјотрес од 5,1 степени го погоди Иран

Земјотрес од 5,1 степени бил забележан во градот Хуџидек денеска во 06.48 часот според локално време во покраината Керман во југоистокот на Иран. Веста ја соопшти Сеизмолошкиот центар при универзитетот во Техеран. Епицентарот на земјотресот се наоѓал во Хуџидек на длабочина од 10 километри во внатрешноста на земјината кора. Земјотресот не предизвикал човечки загуби или поголема материјална штета.

Read More »