Совршената љубов го истерува надвор стравот (1 јн.4:18). Рождеството Христово е Празник кои секоја година ја обновува во нас надешта и ни’ дарува сила и храброст за да се справиме со искушениата од овој свет. Ова секогаш не потсетува на присутноста на Бога и на неговата бескрајна љубов. За нас присутност од која стравот и очајот бегаат од нашиот живот.Благовеста за Рождеството Христово започнува со зборовите: Не плашете се. Со зборовите: Не плаши се Марија,’ Архангел Гаврил Благовестува, Рождеството на Спасителот (Но.1:30). Истите зборови:Не плашетесе-му зборува Ангелот Господов на Пастирите-еве ви навестува голема радост која ќе биде за сите луѓе (Лк.2:10-11).
Секако во овој живот ние се соочуваме со многу материјални и духовни тешкоти. Со трагични настани,пожари,поплави и земјотреси од кои последиците се трагични и создаваат болки и страдања со страв и очај.Но благовеста на Рождеството Христово ни дава сигурност дека ние сега не сме сами, Бог е со нас (Мт.2:22).Тој се роди за не спаси од злото и ни донеси надеш и светлина над стравот и мракот од нашиот живот. Да се охрабриме и да не се плашиме од стравот.Поткрепувајќи во верата кон Бога кој секогаш е до нас. Заветот негов ‘нема да ве оставам сираци ќе дојдам кај вас (Ин.14:18).
Ни дава сила и утеха за тоа што Бог не ни’ дарува дух на страв,но дух на премудрост,сила и љубов.(2.Тм.1:7). Во Исус Христос и неговото спасение се повикани сите луѓе без разлика кои и да се тие. Ние сме повикани да учествуваме на овој настан,празнувајќи не само надворешно со светилки и разубавени трпези.Но особено е потребно по длабоко доживување на овој настан и чествувајќиго него како дел од нашиот живот. Надворешното празнување е просто изразување на внатрешното празнување. Голема опасност и замка во ово модерно време и овој современ свет е празнувањето на Рождеството Христово без Христа.Не е можно Рождеството Христиво без Христа ! Според учењето на ” Св Оци”на црквата само со вистинско разбирање и откривање на смислата и длабоко доживување во нашиот живот на Рождеството Христово можи да не’ ослободи од грижита и тагата,дарувајќи ни нов живот, живот без болка и бескрајен. Исус христос-Пишува “Св Максим Конфесор”
Е тој кој се роди во тело за нас еднаш и за секогаш.И повторно сакаа да се роди во дух кај сите што сакаат.Кај секого од нас тој се раѓа како мало дете во утробата на нашата душа и се создава себеси со своите особини. Кај сите нас се поставува прашањето: Како треба да живееме за Христос да се создаде во нас (Гал.4:19)? Во стариот завет ние учиме:Човекот се создаде според и подобие на Бога. (Бит.1;26). Господ ја прими нашата природа која е падната за да ја подигни неа.Тој дојде во светот за да ги соедини небесната природа со човечката природа за човекот да можи да биде сличен на Бога Но ,вие бидете совршени како што е совршен вашиот Отец Небесен-вели Господ (Мт.5:48). Цитирајќи ова “Св Василиј Велики” пишува: Гледате како Господ се преобразува во нас и така и ние да бидеме слични на него. Ако вие го мразите злото и се ослободите од љубомората,завидливоста,омразата и не сповнувајќи меѓусебните непријателства од минатото. И ако вие бидите братолубиви,мирољубиви и така станувате слични на Господа.
И ако вие им простувате на вашите непријатели од сето срце вие станувате слични како Господа. Само со едно срце полно со љубов и сочувство и со срце исполнето со љубов и сочуство.само со срце исполнето љубов,мир,простување и пожртвуваност се создава и се раѓа Христос. Возљубени браќа и сестри. Да ја запалиме во нас и во нашите души и срца светлината и љубовта на Христос. Светлина која ќе не’ осветлува и ќе ја истера од нас темнината. Да ја разгласиме и да ја даруваме оваа љубов кај сите луѓе. Особено кај тие што се изнемоштени кај тие што се осамени кај натажените и исплашените. Сега повеќе од секогаш луѓето имаат потреба од Христовата љубов за тоа што совршената љубов го истерува ндвор стравот и не’ исполнува со сигурност, мир и радост. Среќен Божик и за многу години. – стои во честитката потпишано од Митрополитот Корчански г.Јоан.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
