
На 20 февруари 2020 година Претседателот на црногорската заедница од Албанија Маринко Цулафиц имаше работна средба и беше примен од директорот на Дирекција за дијаспора на Црна Гора, Предраг Митровиќ. Главни теми беа проблемите и тешкотиите со кои црногорското малцинство продолжува да се соочува во Албанија, доцнењето во спроведувањето на законот за малцинства и формирањето на Комитет за национални малцинства, со закон црногорското малцинство ќе има свој претставник.
Исто така Цулафиц побара поддршка за отворање канцеларија за здружението за да продолжи со решавање на предизвиците со кои се соочува црногорското малцинство, ова година ќе има и попис во Република Албанија. Претседателот на Црногорската заедница престојуваше во посета на канцелариите на Матица Црногорска каде беше примен од претседателот на оваа институција, Драган Радуловиќ и генералниот секретар г. Иван Иванониќ.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden