Ќе се реставрира црквата Св. Преображение во село Ербеле, областа Полени, Маќелара

Националниот совет за реставрација на Албанија ќе ја реставрира црквата Св. Преображение во село Ербеле, областа Полени, Маќелара. Усвоениот проект од страна на Националниот совет за реставрација предвидува реставрација на конструктивните елементи на црквата. Овој божји храм е изграден 12 век и како споменик на културата под заштита на државата е од 1973 година. Ѕидовите се изградени од камен поврзани со варен малтер. На нив има ретко вредни фрески но истите се оштетени. Селото Ербеле, областа Полени, Маќелара припаѓа на околијата Пешкопеја.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упати и офцијално барање до Националниот совет за реставрација на Албанија за реставрација на црквата Св. Преображение во село Ербеле, областа Полени, Маќелара од страна на Националниот совет за реставрација барањето се прифати.

Во исто време Македонско друштво “Илинден”-Тирана искажува благодарност до Националниот совет за реставрација на Албанија што прифати барањето за реставрација на црквата Св. Преображение во село Ербеле, областа Полени, Маќелара.