
Европол предупредува дека во границите на Европската Унија делуваат над 820 криминални мрежи. Последниот извештај покажува дека најзагрижувачко е перењето пари преку легални бизниси. Од друга страна, Унијата поставува строги правила за борбата со корупција во земјите-кандидатки.
Повеќе од 820 опасни криминални мрежи оперираат во границите на Европската унија. Европол предупреди неодамна дека внатрешната безбедност е загрозена од активностите, а застрашувачко е перењето пари преку легални бизниси.
„86 проценти од криминалните организации имаат легитимен бизнис во градежништвото и хотелиерството и на тој начин се перат пари“, вели Кетрин де Бол, директорка на Еуропол.
„Овие криминални групи имаат тенденција да ги заплашуваат и поткупуваат судиите, обвинителите па и министрите кои служат во обвинителството на ЕУ“, вели Диди Рејндерс еврокомесар за правда.
ЕУ бара од земјите-кандидатки решителна борба со корупцијата и владеењето на правото
Од друга страна Европската унија бара од земјите-кандидатки решителна борба со корупцијата и владеењето на правото. Така е вели универзитетскиот професор по безбедност Беќири затоа што ние целиме кон Унијата и таа секако наметнува свои правила.
Земјава нема полоша регулатива туку таа не се спроведува, додава Беќири.
Досега најдлабинската истрага на Европол покажа дека криминалните мрежи низ ЕУ имаат 25.000 припадници од 112 националности, а се занимаваат со трговија со луѓе, со наркотици, пред сè кокаин, со цигари и со изнуда. Најопасни се оние од Бугарија, Србија, Романија и Украина.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden