Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска во придружба на професор Катерина Тодороска беше во официјална посета во општина Пустец

На ден 21. 04. 2025 година, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија, г-ѓа Оливера Трајковска во придружба на професор Катерина Тодороска беше во официјална посета во општина Пустец, Албанија и се запозна со актуелната состојба, горливите проблеми со кои се соочуваат Македонците, но, и со напредокот на оваа општина.

При посетата оствари средба со градоначалникот г-дин Пали Колефски, претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција г-дин Васил Стерјовски и отец Алексо Темелко.

Општина Пустец изобилува со ретка природна убавина како можност за развој на алтернативен туризам и голем број културни споменици и духовни светилишта.

Директорката Трајковска имаше можност да ги посети црквите “Св.Архангел Михаил”, “Св.Атанасиј Велики” и “Пресвета Богородица” – духовни светилишта кои со векови биле чувари на православната вера и македонскиот идентитет.

Исто така ја посети и црковната општина при црквата “Св. Архангел Михаил”, и им ја врачи донацијата од Македонската Православна Црква – Скопска епархија, вапцани и благословени велигденски јајца за радост на најмалите.

Општина Пустец е чувар на православната вера и македонскиот идентитет!