Македонски клуб “Илинден”-Лацен, Хановер со отворено писмо до Европскиот парламент против бришењето на македонскиот идентитет и јазик 

Македонски клуб “Илинден”-Лацен, Хановер со отворено писмо до Европскиот парламент против бришењето на македонскиот идентитет и јазик

Почитувани членови на Европскиот парламент,

Со длабока загриженост следиме дека клучните формулации за македонскиот идентитет и јазик треба да бидат избришани од планираниот извештај на Вајц – очигледно под влијание на Бугарија. Оваа одлука е во спротивност со европските вредности:

– културна разновидност (чл. 22 од Повелбата за основни права на ЕУ),
– заштита на малцинства,
– самоидентификација (Европски парламент, ОН).

Го осудуваме овој манипулативен чекор и го повикуваме пленумот на ЕП да застане во одбрана на историскиот и културниот интегритет. Стигматизацијата на еден легитимен идентитет во рамките на ЕУ-документ ги нарушува угледот и вредностите на Европската Унија.

Ве повикуваме на 8/9 јули 2025 година во пленарна сесија да гласате против овој нацрт и да ги одбраните вредностите на Европа. Бришењето би претставувало преседан – со сериозни последици за сите малцинства во Европа. – стои во отвореното писмо на Македонски клуб “Илинден”-Лацен, Хановер потпишана од претседателот на друштвото Живко Лазаров.