
Фото: Фб страница на Ирена Јовева
Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева.
Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на македонскиот. Идентитетот не може да се земе ни со лобирање, ни со гласање. Се случи тоа што се случи. Знам дека е тешко, и не е фер, како што и многу други работи не се фер, можеби и понефер од ова што се случи со гласањето. Ама сепак сакам народот да знае дека тоа е и сигнал дека ЕП не сака да се меша во тоа затоа што го признава македонскиот народ, македонскиот идентитет и македонскиот јазик – вели Јовева во изјава за Канал 5.
Таа не се согласува дека грчко-бугарското лоби надвладеало меѓу европратениците за прифаќање на амандманите за бришење на македонскиот идентитет и јазик од извештајот.
Ако надвладееше тоа лоби, ќе беше ставен амандманот модерен јазик, модерен идентитет, македонски, не знам ни што сакаа, но тоа немаше шанси да помине. На крајот, сепак, надвладеа во тој смисол што тој дел од текстот е избришан. Ама тоа не е поради нив. Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на македонскиот – вели Јовева.
За тоа каква порака се испраќа кон земјава, но и кон македонскиот народ, со целата дебата за јазикот и идентитетот, со амандманите од бугарските и грчките европратеници, но и оп конечнот исход, таа смета дека не треба да се им се придава премногу значење.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden