Претседателот на Сирија го пречека Патријархот Антиохиски и целиот Исток, г.г Јован

Претседателот на Сирија го пречека Патријархот Антиохиски и целиот Исток, Неговата Светост Јован, во Претседателската палата во Дамаск. На средбата беше истакната клучната улога на Црквата во промовирањето на граѓанството и јакнењето на националното единство. Беше нагласено дека Црквата одлучувачки придонесува за зачувување на социјалниот мир и негово воспоставување врз цврсти темели на меѓусебно разбирање и братство меѓу сите составни елементи на нацијата.