
Во новиот состав на косовскиот парламент, место обезбеди и партијата „Единствена горанска партија“ нејзин претставник во косовскиот парламент ќе биде дипломираниот инженер, Адем Хоџа, кој беше носител на листата.
Чест ми е што ќе ги претставувам областа Гора во косовскиот парламент, но во исто време е голема обврска која ќе се трудам максимално доследно да ја обавувам. Секако главна моја задача во име на сите е подобрување на условите за живење во областа Гора, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Република Косово.
Од партијата не го кријат задоволството од добиената поддршка, која првпат ја добиваат на целата терторија на Косово, а не само на подрачјето на Гора. Навистина за нас овие избори се историски. Тоа поради фактот што нашата листа доби голема поддршка не само во областа Гора, туку на целата територија на Косово. Тоа ни влева надеж да продолжиме со нашите залагања за унапредување на правата, но и подобрување на условите за живот во селата на Гора за да се стопира миграцијата на младите, велат од партијата.
Партијата „Единствена горанска партија“ на овје избори освои 1200 гласови во областа Гора во цела држава 1500.
Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden