
Верниците од исламска вероисповед го започнаа светиот месец Рамазан, кој годинава ќе трае 29 дена. Со заоѓањето на сонцето на 18 февруари 2026 година, официјално започна светиот месец Рамазан, додека првиот ден на постот е на 19 февруари. Овој период, кој се смета за најсвет во исламскиот календар бидејќи го одбележува објавувањето на Куранот на пророкот Мухамед, претставува време на интензивна духовна рефлексија.
Годинава, Рамазан ќе трае 29 дена и ќе заврши со празникот Рамазан Бајрам (Еид ал-Фитр). Постот подразбира целосно воздржување од храна, пијалак и други телесни задоволства од изгрејсонце до зајдисонце. Сепак, исламските прописи предвидуваат исклучоци за одредени категории луѓе за да се заштити нивното здравје
Post Views: 466
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden