
Ратификуван е договорот меѓу Македонија и Албанија за воведување на системот „One Stop Shop“, со кој се предвидуваат поедноставени и побрзи гранични контроли.
Меѓу опфатените премини е и Стење – Горица, кој има особено значење за Македонците во областа Мала Преспа.
Со новиот систем се очекува пократко задржување на границата, полесно патување, подобра поврзаност со Македонија и олеснување на семејните, економските и културните контакти.
За Македонците во Мала Преспа, ова е важен чекор кон посилно поврзување со својата матична држава.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden